Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното

Не постои ниту еден љубител на научно-фантастичните приказни кој барем еднаш не одлутал со мислите во далечните простори на универзумот каде што владеат напредни вонземјани со комплетно различни и необични сфаќања, обичаи и начини на живеење. Во сите тие умствени патувања ние замислуваме како остваруваме контакт со вонземјани, како учиме нешто од нив и како стануваме подобри како луѓе. Или пак, можеби повеќе сте насочени кон паранормалните приказни и преку вашата фантазија замислувате што би можело да ве чека по смртта и дали би можеле да останете во контакт со вашите најблиски.

Наредниве неколку ТВ серии вклучуваат вонземјани, духови, вампири и врколаци кои владеат со светот на научната фантастика и паранормалното и ве водат во неверојатна и луда авантура.

1. Далечни простори (Farscape)

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалнотоГлавни улоги: Бен Браудер, Клаудија Блек, Антони Симкоу, Лани Џон Тупу, Џонатан Харди, Џиџи Еџли

Жанр: научна фантастика, авантура

Премиера: 19 март 1999

Број на сезони: 4

Времетраење: 45 минути

Наша оценка: 10

Замислете го следново сценарио. Вие сте научник кој ги истражува црвјите дупки и по долго време конечно се осмелувате да проверите дали вашата теорија би можела да биде успешна и во пракса. Но, по неверојатен сплет на околности вие се будите на брод кој е во сред битка и сте опколени со вонземјани. Што би направиле? Токму ова му се случи на научникот Џон Крајтон (Бен Браудер) додека ги истражувал црвјите дупки. И за работите од лоши да станат уште полоши тој брзо сфаќа дека вонземјаните се всушност избегани затвореници на украден брод. Жив брод.

Оваа ТВ серија има навистина добра приказна и секој од глумците одлично ја доловува својата улога. Покрај нив вие ќе се чувствувате како да ги истражувате далечните простори на универзумот, а Џон Крајтон без престан ќе успева да ве засмева во навидум неизбежните ситуации со шеги кои им се добро познати на луѓето, но многу несфатливи на неговите нови пријатели.

Одлични ТВ серии за љубителите на научната фантастика и паранормалното


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар