Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време
Новогодишните и божиќните празници се совршено време во кое можеме да се одмориме и да поминуваме повеќе време со најблиските, но тие исто така се и одлични кога станува збор за почнување на нова ТВ серија или пак, за догледување на оние епизоди за кои сме немале време претходно. Започнувајќи од прекрасната „Outlander“, па сè до урнебесната „Black-ish“, погледнете ја оваа листа од 15 серии и најдете ги оние чија приказна најмногу ви одговара на вашето моментално празнично расположение…
1. Туѓинец (Outlander)
Приказната ја следи Клер Рандал, воена сестра од 1945 година која е во брак со Френк. Таа на нивниот втор меден месец, по завршувањето на војната, мистериозно ќе биде повлечена низ времето, во далечната 1743 година во Шкотска. Таму нејзиниот живот постојано ќе виси на конец, сè додека не го запознае младиот војник Џејми Фрејзер кој ќе го освои нејзиното срце и со тоа ќе ја стави Клер во средината на незамислив љубовен триаголник.
2. Аферата (The affair)
Оваа ТВ серија ги следи психолошките ефекти на аферата помеѓу келнерка во брак која работи во ресторан во Хемптонс и професор кој го поминува летото на имотот кој го поседуваат родителите на неговата сопруга. Одмотувањето на приказната (секогаш едноподруго раскажувана од перспектива на двата главни лика) открива нешто многу посериозно од летната жешка забранета љубов.
3. Вистински детективи (True Detectives)
Приказната го следи животот на двајца детективи, Раст Коул и Мартин Харт, чиј живот се испреплетува за време на 17-годишната потрага по сериски убиец во Луизијана.
Silicon Valley – Силициумска Долина
Silicon – Силициум
Silicone- Cиликон
🙂