Одбројувањето започнува: Последниот трејлер за „Заледено кралство 2“ пред премиерата што ќе ги сруши сите рекорди

Одбројувањето започнува: Последниот трејлер за „Замрзнато 2“ пред премиерата што ќе ги сруши сите рекорди

Со почетокот на есента започна и одбројувањето за пристигнувањето на најочекуваниот анимиран филм на годината – „Замрзнато 2“ (Frozen 2) кое на 22 ноември пристигнува во кината ширум светот. Дизни го објавиле вториот и последен трејлер кој ни открива многу повеќе за тоа што можеме да го очекуваме од продолжението на овој епски анимиран филм.

Во овој трејлер, Ана, Елса, Кристоф и Олаф ќе излезат од своето кралство и ќе тргнат на пат со цел да откријат од каде доаѓаат моќите на Елса, бидејќи само така можат да го спасат своето кралство од зли сили.

На патот полн со опасности, предизвици и неочекувани пресврти, храбрите пријатели мора да се борат со мистериозно невреме, големи бранови во океанот, мноштво чудовишта и други сили кои им се закануваат. Тие ќе пронајдат и изгубена цивилизација која изгледа дека знае нешто повеќе за ледените моќи на Елса.

Во првиот дел, Елса стравуваше дека нејзините моќи се пресилни за светот. Но, во второто продолжение таа се надева дека ќе бидат доволни за да го спаси светот…

Обожавателите од целиот свет нетрпеливо го чекале продолжението на анимираниот мегахит од 2013 година, кој со заработка од 1,27 милијарди долари ги срушил сите рекорди и станал најгледаниот Дизни анимиран филм на сите времиња. Според реакциите и досегашните коментари на излезените трејлери се очекува дека „Замрзнато 2“ повторно ќе руши рекорди и ќе ни прикаже епска приказна што ќе ја обожаваат и децата и возрасните.

Да се потсетиме и на првиот трејлер од пред неколку месеци…

Прочитајте ги и овие 12 факти што сигурно не сте ги знаеле за анимираниот филм Замрзнато (Frozen).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар