Новогодишната заменете ја со филмска вечер

Новогодишната заменете ја со филмска вечер

Не мора Новата година да ја форсираме онака како што од нас се бара – дотерани во кафана, диско или кај некој дома, па следниот ден со крвави очи и мамурлак… Со оглед дека за вработените ова е сосема обичен викенд (во понеделник повторно на работа), па и краткото патување отпаѓа. Затоа е сосема задоволително да се помине вечерта дома со кифлички, руска салата и добри филмчиња.Новогодишната заменете ја со филмска вечерЗа делот со јадењето ќе мора да се погрижите сами, но ви нудиме листа на филмови кои одлично ќе ви се најдат на новогодишната листа. Станува збор за филмчиња кои можеби не ги преполнија веснициве изминатата 2010 година, но тоа не значи дека не се добри. За еден дел од нив можно е допрва да се слуша, а останатите едноставно вреди да се видат.

1. Говорот на кралот (The King’s Speech)

Откако неговиот брат ќе абдицира, Џорџ VI (таткото на кралицата Елизабета Втора) неволно го зема престолот. Мачен од постојаното пелтечење, го сметаа дека е недостоен за крал. За помош, тој ангажира необичен логопед. Преку збир на неочекувани техники и како резултат на неверојатно пријателство, Џорџ го наоѓа својот глас и смело ја води земјата преку војна. Главната улога ја толкува Колин Фирт, а играат и Хелена Бонам Картер и Џефри Раш. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер

2. Никогаш не пуштај ме (Never Let Me Go)

„Никогаш не ме напуштај“ ја следи приказната на Кети, Рут и Томи, портретирани од Кери Малиган, Кира Најтли и Ендрју Гарфилд, кои влегуваат во љубовен триаголник и откриваат дека всушност се „експериментални глувчиња“ – креирани во лабораторија со цел да обезбедат органи за сериозно болни пациенти. Филмот го освои бронзениот медал на изборот за најдобро филмско остварување за 2010 година на магазинот „Тајм“ (на прво место заврши „Приказна за играчките 3“). [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер

3. Излези преку гифт шопот (Exit Through the Gift Shop)

Режисер на овој филм е најпознатиот графити-уметник на денешницата, Бански, познат по силниот политички и социјален печат во делата. Ја следи приказна на ексцентричен француски чувар и аматер филмски режисер кои сакаат да го лоцираат и да се здружат со Бански. Филмот се прикажува како документарец иако филмските критичари се сомневаат во неговата вистинитост. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер

4. Скот Пилгрим наспроти светот (Scott Pilgrim vs. The World)

Скот Пилгрим (Мајкл Цера кој играше и во „Џуно“) е млад канадски музичар кој ќе ја сретне девојката од неговите соништа, Рамона Флауерс. За да ја добие Рамона, тој мора да ги порази нејзините „седум злобни поранешни момчиња“ кои доаѓаат да го убијат. Оваа комедија е режирана од Едгар Врајт, а направена е врз основа на стрип додека сега има и видео игра. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер

5. Илузионистот (The Illusionist)

Додека цртаните како „Tangled“ и „Приказна за играчките 3“, правеа парче по медиумите, „Илузионистот“ помина многу потивко. Но тоа не значи дека не треба да се види. Зборува за француски илузионист кој останува без работа и заминува во Шкотска каде запознава млада девојка. Нивните авантури им го менуваат животот и на двајцата. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер

6. Чекајќи го Супермен (Waiting for Superman)

Документарецот „Чекајќи го Супермен“ ги анализира недостатоците на американското образование така што следи неколку студенти низ едукативниот систем. Режиран од Дејвис Гугенхајм, филмот ја доби наградата од публиката за најдобар документарец за 2010 на најголемиот американски фестивал на независен филм „Санденс“. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер

7. На патот назад (The Way Back)

Драма со Колин Фарел, Ед Харис и Џим Стуџес во главните улоги која зборува за војници кои бегаат од сибирски затвор во 40-тите години. Режијата е на Питер Вир, а исто така и сценариото кое е напишано врз основа на мемоарите на полскиот воен поручник Sławomir Rawicz. Со оценка за почит – 8,2 на  IMDB, вреди да се види. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер

8. Син Валентајн (Blue Valentine)

Оваа американска романтична драма ја имаше својата премиера на филмскиот фестивал Санденс, а го следи брачниот пар Дин и Синди и нивната врска низ годините. Се нуди сурова аутопсија на проколнатата врска меѓу идеалистичкиот сонувач Дин (Рајан Гослинг) и наспроти него, практичната жена (Мишел Вилијамс). [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер

9. Лесна петка (Easy A)

Откако „белата лага“ за загубата на нејзината невиност ќе излезе на површина, средношколата (Ема Стоун) почнува да го споредува својот живот со оној на Хестер Прин 0д „Буква на срамот“. Таа страда сè додека не одлучи да го искористи тоа за да ги подобри своијата социјална и финансиска положба. Покрај Стоун во оваа романтична комедија играат и Лиса Кудроу („Пријатели“), Малколм Мекдауел („Пеколен портокал“), Стенли Туци („Терминал“, „Џулија и Џулија“). [трејлер] Новогодишната заменете ја со филмска вечер

10. Експеримент (The Experiment)

Овој трилер се базира на вистинит настан – Стенфордскиот затворски експеримент каде 26 мажи за истражувачки цели се поделени на затвореници и чувари. На почеток сè е во ред додека тие не влезат премногу во својата улога. Ова е римејк на германскиот филм Das experiment кој е маестрален. Во американската верзија се појавуваат Адријан Броди и Форест Витакер. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Кристина Reply

    Го гледав „Never Let Me Go”. Навистина прекрасен филм, со длабока и тажна приказна… Во план ми е да ги изгледам и останатите 9 филма 🙂

Остави коментар