Претходно
Нови ТВ серии кои не го заслужуваат вашето слободно време
2. Лоша судијка (Bad Judge)
Главната улога во оваа ТВ серија ја толкува добро познатата Кејт Волш, а токму таа е причината поради која можеби би сакале да почнете да ја гледате. Но, верувале или не и глумците понекогаш знаат да направат лош избор, а токму оваа ТВ серија е доказ за тоа. И покрај големиот број промени низ кој поминала првата епизода, сепак таа не е доволно интересна за да ѝ го посветите вашето слободно време. Ликот на Кејт Волш делува малку налудничаво, додека пак самата приказна едноставно нема смисла. Накратко, не би ве осудувале ако ја прескокнете оваа ТВ серија.