Нови ТВ серии кои не го заслужуваат вашето слободно време
Секоја година излегуваат голем број нови ТВ серии, па токму затоа е сосема нормално да се појават неколку за кои навистина не вреди да го трошите вашето слободно време. Започнувајќи од досадни и веќе видени комедии, па сè до приказни исполнети со насилство и навредливи сцени, погледнете ги наредниве 5 серии кои едноставно не мора да почнете да ги гледате…
1. Демнач (Stalker)
Станува збор за двајца детективи кои истражуваат случаи со демнење во Њујорк. И покрај тоа што можеби би си помислиле дека станува збор за нешто ново и досега невидено, доколку решите да ја гледате оваа ТВ серија со сигурност ќе се разочарате. Приказната е премногу едноставна и многу често ќе можете лесно да погодите како секоја епизода ќе заврши. Од друга страна пак, таа изобилува со насилство кое воопшто не е лесно за гледање. Секоја епизода сликовито го покажува малтретирањето и/или убивањето на различни жени чии убијци секогаш завршуваат позади решетки. Накратко, оваа е една од оние ТВ серии кои дефинитивно би требало да ги избегнете.