Нови серии кои треба да ги изгледате за време на викенд
Викендот е совршен за опуштање со маратонско гледање на омилените телевизиски серии. Доколку ги изгледавте сите приказни кои ви беа интересни, време е за нешто ново. За среќа, во последните неколку месеци излегоа многу нови серии кои го заслужуваат вашето внимание, а за вас ги издвојуваме најдобрите.
1. „Општеството“ (The Society)
По враќањето од едно патување, група американски тинејџери дознаваат дека сите жители на нивниот град се мистериозно исчезнати и дека се принудени да преживеат самостојно. Иако на прв поглед изгледа како типична тинејџерска серија, темата за воспоставување на нов општествен поредок ја трансформира оваа серија во нешто многу повеќе.
2. „Чернобил“ (Chernobyl)
Сигурно сте чуле за Чернобилската катастрофа во 1986 година, но знаете ли да објасните што точно се случило? Одговорите на сите прашања ќе ги добиете гледајќи ја оваа прекрасна мини-серија на HBO.
3. „Еуфорија“ (Euphoria)
Оваа серија е уште еден успешен проект на HBO, серија која ја претставува темната страна на тинејџерскиот живот во САД. Зендаја ја игра главната улога, но целата актерска екипа ќе ве освои од првата епизода. Мало предупредување – серијата изобилува со секс, дрога и насилство.
4. „Мртов за мене“ (Dead To Me)
Оваа серија е совршена жанровска комбинација од трилер и комедија. Ликовите на Кристина Апелгејт и Линда Карделини на специфичен и духовит начин ќе ви ја прикажат болката по животната загуба и замките на женското пријателство.
Потребни ви се уште препораки? Еве уште 13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието.