Нова позитивна и забавна ТВ серија која е совршен избор
„Gilmore Girls” е култна популарна серија која ја следеше приказната за мајка и ќерка и стекна многу обожаватели ширум светот, а сега една нова таква серија наречена „Ginny&Georgia” е веќе една од најгледаните. Заплетот се базира на животот на мајка и ќерка, а бидејќи пред нас доаѓаат повеќе и поубави денови, оваа позитивна и забавна серија е совршен избор кој нема да разочара никого!
Антонија Џентри и Брајан Хови се протагонисти на новата одлична серија. Џини е 15-годишна девојка која се сели секоја година, а нејзината мајка Џорџија конечно сака да најде постојан дом каде ќе гради живот со семејството. Сепак, ништо не оди лесно бидејќи минатото на Џорџија постојано е тука, но сето тоа е претставено на крајно смешен и динамичен начин. Ликовите се исто така одлични па затоа Џини, иако е млада, одговорна ќерка и постара сестра, но сепак е многу грижлива. Секако, во серијата се среќаваме и со романтични моменти, како и со секојдневните тепачки на тинејџери, а најголемото уживање се криминалните минути кои на целата приказна и даваат интригантен момент кој привлекува внимание. Овој симпатичен наслов е идеален сигурни сме дека ќе ве насмее и опушти, па ако не знаете што да гледате вечерва, нема да погрешите со изборот на оваа серија.
Можеби ќе сакате да ја погледнете и „Firefly Lane“: Нова серија која е идеална за гледање во друштво со најдобрите пријателки.