Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)

Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)

Автор: Андријана Андова

Филм за „неподносливата“ леснотија, но и за убавината на неверството, особено… кога не ти се случува тебе.

Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Режија: Рајко Грлиќ

Сценарио: Анте Томиќ и Рајко Грлиќ

Главни улоги: Мики Манојловиќ, Бојан Навојец, Дарија Лоренци, Ксенија Маринковиќ…

Жанр: драма, комедија

Времетраење: 87 минути

Премиера: 9 март 2010

Јазик: хрватски

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 7/10
___________________________________________________________________________________________
Да бидеш неверен е неверојатно интересно. Одиш на пазар по салата, а веќе за некоја минутка имаш „брз“ секс со 20 години помлада студентка. Да направиш прељуба е неодоливо слатко. Заминуваш на службен пат, но всушност се селиш кај своето „паралелно“ семејство. А сексот со помлад е секогаш забавен. Наоѓаш момче, ја финансираш неговата пасија да се обложува на фудбалски натпревари, ама затоа во кревет е одличен. Сите ликови во новиот филм на хрватскиот режисер Рајко Грлиќ се повеќе или помалку тинејџери заробени во тело на возрасен човек, но и самите тие и сите нивни постапки се неодоливо симпатични. Нивните „злосторства“ одат и многу подлабоко од наивна прељуба, но во ниту еден филмски момент не се напушта атмосферата на леснотија, независно од тоа колку во реалноста настаните се тешки.
___________________________________________________________________________________________


Ви препорачуваме да ги гледате и останатите трејлери и видео исечоци.

Приказна: Филмот е интересно осмислена сложувалка од приказните на петтемина, браќата Никола и Брацо, сопругите Анамарија и Марта и само една, но и најважна, љубовницата Латица. Тука секако се и децата на кои не им се знае таткото, но тоа се само луѓе – колатерална штета во безгрижната потрага по секс на главните протагонисти. Сепак, „Нека остане меѓу нас“ не е филм за тоа кој, како и колку бил повреден, туку за страстите. Кога од поранешните ЈУ-простори ќе излезе филм кој не носи воена приказна, чија тематика не е болка, тага, други лузни, е свежина. Не дека војната не е нашата приказна, но понекогаш нашата приказна се и сексот, и љубовта, и прељубата… Токму затоа „Нека остане меѓу нас“ е филм за нешто човечко, а не за нешто наше.Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Иако Рајко Грлиќ и досега го има обработувано неверството, а од поново време режисер е на филмот „Караула“ со Сергеј Трифуновиќ (правен по книга на Анте Томиќ, исто така косценарист и на овој филм), овој пат го прави поинаку, необременето од она што го направил досега. Сепак, не очекувајте да паднете на колена по филмот, дека ќе ви се кажат нови животни вистини, дека ќе го смените начинот на размислување, но, дефинитивно, убаво ќе си поминете.Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Кинематографија: Да не го знаевме јазикот, кадрите слободно ќе ги помешавме со, на пример, италијански филм. Загреб е прикажан како град каде што по улиците се пеат божиќни песни, каде што се возат убави коли (иако има и „ренолки“) и каде што не само воените профитери се дојдени до убави пари. Дури откако одлучив да ја пишувам рецензијата за овој филм, дознав дека католичката црква кренала бунт против еротските сцени во „Нека остане меѓу нас“, но вистината е дека секој просечен филмски гледач видел и многу, многу повеќе од она што е прикажано.Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Кога и како да го гледате? Вакви филмови е секогаш подобро да се гледаат навечер, едноставно тематиката не „легнува“ на дневно светло. Можете и дома пред телевизор, можете и во кино – ниту една од ситуациите нема да му додаде, ниту да му одземе некој момент на филмот, така што, како ви одговара. Не правиме ограничување на полот, а во зависност во која „ментална состојба“ сте во моментот и од придружните животни случувања, може на филмот да гледате како на невина приказна или, од друга страна, како потврда дека жените се курви или дека мажите се свињи. Сè зависи од вас.Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Фотографии: Никола Предовиќ


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Koce Reply

    od kade mozi da se spusti flmot?

  2. Ane Reply

    Коце не знам за спуштање, но филмот игра во кино “Фросина” во рамки на Младинскиот културен центар до 30 ноeмври. Почетокот мислам дека е од 21 часот.

Остави коментар