Неизбежна грубост (Necessary Roughness)

Неизбежна грубост (Necessary Roughness)

ТВ серија за односите во едно семејство, професионалните кариери, менталните проблеми и решенијата…

Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Главни улоги: Кели Торн, Марк Блукас, Скот Коен, Хана Маркс, Патрик Џонсон…

Жанр: драма

Премиера: 29 јуни 2011

Јазик: англиски

Креатори: Елизабет Кругер, Крег Шапиро

Сезона: 1 (во тек)

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (16 гласа, просек: 8,25 од 10)
Loading...

————————————————————————————————————————————————————————————————————————–
Голем дел од непријатностите во животот можеме да ги победиме доколку успееме да ја решиме нивната енигма во нашиот ум. Оваа серија обработува една мошне интересна тематика, а тоа е барањето професионална помош за отворање на умот и ослободување од грижите. Психијатарката Дени е многу талентирана и надарена жена, која успева преку специјална техника и психоза да им помогне дури и на најчудните случаи. Напорниот и брз начин на живот наложува неподносливо темпо на функционирање, па токму затоа анализата за пронаоѓањето на коренот на проблемот е првиот чекор за пребродување на проблемите.
———————————————————————
—————————————————————————————————————————————————–

Кратка содржина: Дени е психотерапевт од Лонг Ајленд, чиј персонален живот започнува да станува хаос, откако ќе открие дека нејзиниот маж ја изневерува. Сепак, некои работи во животот се случуваат во периодите кога најмалку се очекува, па така и во нејзиниот случај.Неизбежна грубост (Necessary Roughness) Неизбежна грубост (Necessary Roughness) Иако има проблеми со нејзината палава ќерка и води војна со нејзиниот маж околу разводот, сепак ненадејно и се отвора шанса да работи со познати спортисти, политичари, новинари и слично кои моментално се во центарот на вниманието, а токму таквиот начин на живот ù создава нерешливи проблеми, кои само таа може да им ги реши. Нејзиниот начин на работа брзо ја прославува, а односот со колегите и семејството од епизода во епизода станува сè поинтересен.Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Кога и како да ја гледате: Серијата е многу пријатна и интересна за гледање, па бидејќи низ нејзината приказна е проткаен и хумор, периодот на гледање е сосема неважен. Можете да ја гледате после работните обврски или пак да изгледате неколку епизоди пред спиење, откако тотално ќе се опуштите. Серијата е одлична за следење со партнерот, но со неа можете да се забавувате и доколку ја гледате сами.Неизбежна грубост (Necessary Roughness)Неизбежна грубост (Necessary Roughness)
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

——————————————————————————————–


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар