Најстрашниот краток хорор филм
Предупредување: Ако лесно се плашите, подобро не кликајте „Play“.
„Lights Out“ е краток филм кој во помалку од 3 минути ќе успее да ве заплаши до коски. Се работи за жена која се подготвува за спиење, но токму кога ќе го изгасне светлото… Секако дека нема да ви кажеме што се случува.
Почекајте да се стемни, пуштете глас, отворете на цел екран и уживајте во оваа куса доза адреналин. Но, да не речете дека не сте биле предупредени, филмот „Изгасени светла“ може да ве натера вие вечерва да спиете со запалени. 🙂
Филмот е дело на Дејвид Ф. Сендберг, кој ја доби наградата за најдобар режисер на филмскиот предизвик „Who’s There“ во 2013.
Погледнете како е изработена последната сцена.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Од сега строго со пуштено светло навечер !