Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година
2018-та изгледа ќе ни донесе многу неверојатни филмски остварувања. Повеќето филмови се продолженија на хитови кои излегле пред некоја година, но има и такви кои оживуваат франшизи после многу години. Погледнете дел од најочекуваните филмски продолженија за 2018-та година.
1. Предаторот (The Predator)
Четвртиот дел од серијалот ќе го опфаќа периодот помеѓу „Предатор 2“ (Predator 2) и „Предатори“ (Predators). Режисерот Шејн Блек се надева дека ќе им даде нов живот на овие филмови. Во главните улоги ќе ги видиме Бојд Холбрук, Оливија Мун, Киган Мајкл Кеј, Стрелинг К. Браун, Алфи Ален и Џејкоб Трембли.
2. Крид 2 (Creed 2)
Првиот дел од филмот постигна неочекуван успех. Овој филм ја оживеа франшизата Роки која беше отсутна речиси 10 години. Во второто продолжение Мајкл Б. Џордан се враќа како Адонис Крид, а Силвестер Сталоне ќе го видиме во улогата на Роки Балбоа, но и како режисер.
3. Ноќта на вештерките (Halloween)
Овој филм има потенцијал да биде „Војна на ѕвездите“ на хорор жанрот. Настаните во филмот се случуваат веднаш по класиката од 1978-ма година, а сите останати филмови од франшизата не се земени предвид. Џејми Ли Куртис се враќа во улогата на Лори Строуд за уште една битка со Мајкл Мајерс.
4. Битка за Пацификот: Побуна (Pacific Rim: Uprising)
Вториот дел од познатиот филм на Гиљермо дел Торо конечно пристигнува во март. Дејството се случува 10 години по настаните од првиот филм со нова генерација ликови. Главната улога е синот на ликот на Идрис Елба од првиот дел. За жал, дел Торо не е вклучен во овој проект. Тој е продуцент, но режијата е на Стивен С. Денајт.
5. Ент-мен и Восп (Ant-man And the Wasp)
Од сите филмови на Марвел кои треба да излезат оваа година, овој е најмалку очекуван. Но, може да заврши како еден од најзабавните летни филмови. Вториот дел ќе ја продолжи авантурата на Скот Ленг кој се обидува да пронајде рамнотежа помеѓу животот како суперхерој и татко. Исто така ќе ја видиме Еванџелин Лили во улогата на Восп.
Продолжува на следната страница…