Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии
Круела де Вил, 101 далматинец (101 Dalmatians)
Глен Клоус се трансформира од фанатик за крзно во сноб од високата мода. Таа е спремна да направи сѐ, па дури и да убие многу мали кученца, само за да го постигне вистинскиот изглед.
Најнезаборавен злобен потег: Дали кажавме дека нејзиниот план беше да убие многу мали кученца и потоа од нивното крзно да направи бунда?
Макс Кеди, ‘Рт на стравот (Cape Fear)
Глупак во хавајска кошула кој го цитира Данте, во одмаздничка мисија. Тој претставува вистинска слика за психопат.
Најнезаборавен злобен потег: Флертувањето со малолетната ќерка на неговата цел. (Првата значајна улога на Џулиет Луис)
Т-1000, Терминатор 2: Судниот ден (Terminator 2: Judgment Day)
Машината за убивање, која ја толкува Арнолд Шварценегер, стана вистински херој, додека убиецот со многу лица портретиран од Роберт Патрик е негова вистинска противтежа. Полицаецот од жив метал кој го менува обликот претставува вистинско суштество од хорор филм, кое влева страв и параноја.
Најнезаборавен злобен потег: Неговите раце-сечила.
Ани Вилкс, Мизерија (Misery)
Како весел психопат кој го затвора и измачува нејзиниот омилен писател, Пол Шелдон, затоа што во една од книгите го убива нејзиниот омилен лик, Кети Бејтс има вознемирувачка улога која внесува немир и страв.
Најнезаборавен злобен потег: Таа ги крши двете колена на Пол со чекан и потоа вели „Господе, колку те сакам.“
Волдеморт, Хари Потер (Harry Potter)
Немилосрдниот смртен непријател на Хари Потер, поранешниот ученик од училиштето за волшебници е гладен за моќ и контрола врз светот.
Најнезаборавен злобен потег: Убивањето на својот татко.
Господин Брнс, Симпсонови (The Simpsons)
104-годишниот милијардер од Симпсонови, сопственик на нуклеарната централа во Спрингфилд, има ненаситен апетит за богатство, моќ и се задоволува со несреќата на другите.
Најнезаборавен злобен цитат: „Пушти ги кучињата!“
Џокер, Бетмен (Batman)
Бетменовиот најголем непријател е немилосрдно луд. Портретиран од Цезар Ромеро во телевизискиот серијал, тој е мал шегобиец, Џек Николсон го направи насилен лудак, додека Хит Леџер го претвори во легендарен негативец.
Најнезаборавен злобен цитат: „Гледај, јас не сум чудовиште, јас сум само над нормалата.“
Ханибал Лектор, Кога јагнињата ќе стивнат (The Silence of the Lambs)
Тој предизвикува многу вресоци за само 25 минути колку што се појавува на екранот. Но, тоа беше доволно Ентони Хопкинс да добие Оскар за улогата на опуштениот и високо интелигентен канибал во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.
Најнезаборавен злобен цитат: „Еднаш еден истражувач се обиде да ме тестира. Го изедов неговиот џигер, заедно со грав и фино Кианти.
го заборави Otis од House of 1000 corpses и The devil’s reject.