Најголемите негативци од филмовите и телевизиските серии
Започнувајќи од сериски убијци, па сè до најголемите фанови на некој писател и психопати кои сакаат да владеат со светот преку мрачните сили, ова се најлошите (или може да се каже најдобрите) негативци кои обожаваме да ги мразиме.
Кралицата на Боргите, Ѕвездени патеки: Прв контакт (Star Trek: First Contact)
Ѕвездени патеки ни овозможија навистина незаборавни негативци во текот на годините, но никој не може ни да се спореди со синтетичката господарка која е антагонистот за целата утописка идеја на оваа франшиза. Брутално индиферентна, таа го негира човечкиот импулс за истражување во чист нихилизам.
Најнезаборавен злобен цитат: „Ќе бидете асимилирани. Отпорот е залуден.“
Господин Блонд, Касапски Кучиња (Reservoir Dogs)
Убиецот од кој се плашат другите убијци. По организираната кражба која ќе тргне во погрешна насока, Вик Вега ќе го помириса „стаорецот“. Ерата на Тарантино започнува кога Мајкл Медсен започнува да танцува на песната „Stuck in the Middle With You“ откако ќе му го пресече увото на заробениот полицаец.
Најнезаборавен злобен цитат: „Сè што можеш да направиш е да се молиш за брза смрт, што секако нема да ја добиеш.“
Д-р Зло, Остин Пауерс (Austin Powers)
Чекор 1: Укради нуклеарно оружје. Чекор 2: Држи го светот во заложништво. Чекор 3: Прицврсти ласерско оружје на главата на ајкули убијци. Чекор 4: Заработи милион долари. (Злобна смеа)
Најнезаборавен злобен потег: Од менаџерска перспектива, веројатно не е добра идејата да запалите толку многу потчинети.
Патрик Бејтмен, Американски Психопат (American Psycho)
Кутриот Патрик, тој само сакаше да биде кул. Да, тој убиваше луѓе. Да, тој чуваше моторна пила во орманот и неколку пресечени глави во фрижидерот. Но, можете ли да го обвините? Банкарскиот живот е навистина стресен.
Најнезаборавен злобен цитат: „Уживам да расцепкувам девојки. Знаете дека сум тотално луд?“
Џон Доу, Седум (Seven)
Филмот постепено се развива до првото појавување на Џон Доу. Прво неговата сенка, потоа и митот за него. Конечно, Кевин Спејси влегува во полициската станица: Ќелав, нежен и прекриен со крв. Негативецот од филмот „Седум“ е особено педантен лудак, a повлеченоста и срамежливоста на Кевин Спејси го прави уште поужасен.
Најнезаборавен злобен потег: Четири зборови – Главата на Гвинет Палтроу!
Антон Чигур, Нема земја за старци (No Country for Old Men)
Незапирлива сила, неподвижен објект и една навистина лоша фризура. Суперкриминалецот портретиран од Хавиер Бардем е мит кој плука на моралноста.
Најнезаборавен злобен потег: Тој наоѓа креативен и сосема нов начин за користење на пиштолот за успивање животни.
Скар, Кралот Лав (The Lion King)
Се согласувате дека Муфаса беше досаден лик? А Симба самобендисано и премногу добро детиште? Негативците секогаш ги добиваат најдобрите цитати, прашајте го Шекспир! Без сомнение „Кралот Лав“ е приказна со која Дизни најмногу се доближи до Шекспировиот Хамлет.
Најнезаборавен злобен потег: Убивањето на својот брат пред очите на својот исплашен внук.
Едвин Епс, 12 години роб (12 Years a Slave)
Дали може да чувствуваме сожалување за ѓаволот? Сопственикот на плантажи на југот од САД, Едвин Епс (Мајкл Фасбендер) е човек-монструм: Деспот, насилен, алкохоличар и силувач кој со луѓето се однесува како со предмети. Исто така тој е осамен, импотентен маж.
Најнезаборавен злобен цитат: „Од тебе ќе направам скроб.“
Ханс Ланда, Неславни копилиња (Inglourious Basterds)
Полковникот Ланда ќе ве измори од зборување на кој било јазик, бидејќи ги зборува сите. Портретиран од Кристоф Волц, Ханс Ланда е прекрасен, љубопитен портрет за нацистичкиот хорор. Некои го нарекуваат ловец на Евреи, но тој всушност е детектив или Колумбо за фашистите.
Најнезаборавен злобен цитат: „Како гласеше онаа американска изрека? ‘Ако чевлите ти се точни, тогаш мора да ги носиш.’“
Продолжете на следната страна за повеќе негативци…
го заборави Otis од House of 1000 corpses и The devil’s reject.