Најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера

Најдобрите романтични филмови ако сакате да го поминете Денот на вљубените во домашна атмосфера

Можеби романтичните филмови не ви се омилениот жанр, но тие се совршен избор за Денот на вљубените. Без разлика дали сакате романтични комедии, тинејџерски љубовни афери или инспиративни животни приказни, Денот на вљубените е совршена можност да имате романтична филмска вечер, а во продолжение погледнете кои се најдобрите филмови за таа вечер.

1. „50 први состаноци“ (50 First Dates)

По првото успешно запознавање, Хенри (Адам Сендлер) сфаќа дека ако сака да биде во врска со Луси (Дру Баримор), мора да ја шармира и да го освојува нејзиното срце секој ден до крајот на животот.

2. „Раскинување“ (The Break-Up)

Што се случува кога љубовта не е доволна? Иако ја прекинале врската, Гери (Винс Вон) и Брук (Џенифер Анистон) одбиваат да го напуштат заедничкиот стан, а тоа ќе доведе до уште поболно раскинување и засилени чувства.

3. „Љубовта нема правила“ (Something’s Gotta Give)

По состанокот со млада девојка, еден постар музички магнат се заљубува во нејзината мајка. Филмот е во режија на Ненси Меерс, а во главните улоги се Џек Николсон и Дајан Китон.

4. „Господин Дидс“ (Mr. Deeds)

Дидс има пицерија и живее скромно во гратчето каде што сите го обожаваат. Но, тој наследува 40 милиони долари од својот вујко и се сели во метрополата каде што ќе биде опкружен со преваранти.

5. Тоа што жените го сакаат (What women want)

Експертот за рекламирање Ник (Мел Гибсон) се обидува да креира реклами за типични женски производи, а при обидот да влезе во женската психа, доживува несреќа, по што станува способен да слушне сè што мислат и што сакаат жените.

6. „Свадбата на мојот најдобар пријател“ (My Best Friend’s Wedding)

Џулијан (Џулија Робертс), за време на студирањето, ја прекинала својата врска со Мајкл согласувајќи се да се венчаат ако сè уште се слободни на 28 години. Кога Мајкл (Дермот Мулрони) ја бара Џулијан непосредно пред нејзиниот 28-ми роденден, тој ѝ соопштува дека за три дена ќе се ожени со Кимберли (Камерон Дијаз).

7. „На патување во Америка“ (Coming to America)

Младиот принц Аким (Еди Марфи) од измислената африканска држава Зимунда наполнил 21 година и сака уште малку да го прошета светот пред да се смири. Така, тој доаѓа во САД преправајќи се дека е сиромашен студент.

8. „Романса во Сиетл“ (Sleepless In Seattle)

Популарната романтична комедија од 90-тите е во режија на Нора Ефрон, а во главните улоги играат Том Хенкс и Мег Рајан. Том го глуми Сем, чиј осумгодишен син смета дека е време да си најде нова сопруга, а Мег е Ени која ја слуша целата приказна преку радио и смета дека Сем можеби е мажот на нејзиниот живот.

9. „Во добро и зло“ (Silver Linings Playbook)

Пат Солатано (Бредли Купер) изгубил сè, својата куќа, сопругата и својата работа. Тој завршил во психијатриска клиника и по осум месеци се враќа да живее со своите родители (Роберт Де Ниро и Џеки Вејвер), но незадоволен од тоа, тој одлучува да стори нешто за да си го врати претходниот начин на живот, па се среќава со Тифани (Џенифер Лоренс).

10. „Подобро не може да биде“ (As Good As It Gets)

Мелвин Удал (Џек Николсон) е вреден њурошки писател кој има опсесивно-компулсивно нарушување. Неговиот живот се менува откако неговиот сосед што е геј ќе биде претепан и мора да оди во болница.

Погледнете кои филмови може да ве прошетаат низ светот овој викенд.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар