Мора да ги гледате: 10 најреалистични момчиња од романтичните филмови

Мора да ги гледате: 10 најреалистични момчиња од романтичните филмови

Филмовите ни прикажуваат една поинаква „реалност“ во која скоро сите имаат среќен крај. Но, реалноста е многу погорчлива од тоа. Сите сме се лигавеле по Џон Кјузак и Рајан Гослинг во нивните филмови, но колку се тие реални? Воопшто. Затоа, револтирани од среќните краеви кои ги имаат романтичните филмови, се решивме да составиме листа на реалистични момчиња од романтичните филмови, кои можеби постојат.

0-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk

1. Џоел во „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“ (Eternal Sunshine of the Spotless Mind)

Класичната љубовна приказна на Мајкл Гондри тече вака: Момчето ја запознава девојката, таа му раскинува и потоа двајцата бараат начин да се носат со тагата. Иако начинот на справување со болката е необичен (селективно бришење на меморијата), сепак филмот е многу реалистичен. А ликот кој го толкува Џим Кери, Џоел Бариш, е смирено и повлечено момче. Неговиот стан е несреден, додека неговиот живот е целосно подреден на рутини. Тој е нормален и ноншалантен. А него можеме да го сретнеме во кое било момче со кое излегуваме.

1-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk

2. Лу во „Играј валцер со мене“ (Take this Waltz)

Лу е смешен, но тој не е нешто којзнае колку привлечен и згоден, каков што е неговиот сосед, Даниел. А кога неговата жена одлучува да стави крај на нивниот брак за да се посвети на врска со друг маж, тој разбира и отстапува. Желбата на Лу да ја разбере одлуката на неговиот партнер е достојна за восхит. Мал е бројот на мажи кој би го направиле истото што и тој. Но овој филм го трга превезот од лигавите романтични краеви и ја открива тажната реалност дека луѓето секогаш сакаат нешто ново и возбудливо – па и кога станува збор за љубовните врски.

1-filmovi-sto-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk

3. Питер во „Заборавањето на Сара Маршал“ (Forgetting Sarah Marshall)

Питер не е совршено момче, тоа е јасно уште од авион, но тој е како голем дел од момците во реалниот свет. Не се плаши да ги искаже и своите најчудни мисли и никогаш никому не би му посакал зло. Тој е толку вистински затоа што сите сме биле во врска со уметник/музичар кој чувствувал длабока несигурност, исто како и ние.

3-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk

4. Том во „500 дена лето“ (500 Days of Summer)

Уште од првата сцена во филмот, јасно е дека Том е далеку од убавината на Дизниевите принцови. Иако е слатко да се види романтично момче, Том претерува. Неговата желба и копнеж да биде во романтична врска го заслепува да ја согледа реалноста т.е. дека Самер воопшто не е ни блиску до тоа да биде неговата сродна душа. Она што можеме да го согледаме од него е дека иако е убаво да се има момче со нежна страна, тоа не значи дека тој ќе биде совршеното момче за нас.

2-filmovi-sto-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk

5. Роб во „Висока верност“ (High Fidelity)

Помеѓу сите неодоливи филмови во кои Џон Кјузак ги глуми најзгодните и најубавите момчиња, во овој филм тој ни претставува еден обичен, тридимензионален лик. Откако ќе биде оставен од неговата девојка, Роб сака да открие каде погрешил во минатите врски и ако може, некако да ја поправи штетата. На пат кон тоа, тој открива дека жените имаат секси долна облека, но и бабини гаќички. А ова е една огромна метафора за врските.

5-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар