Мајки, искористете го секој момент! 16 инспиративни филмови кои треба да ги погледнете заедно со вашето дете
13. „Турбо“ – Ако верувате, може да го постигнете!
Турбо е полжав кој ќе се обиде да сонува за голема брзина. Една несреќа му овозможува моќ на супер брзина и неговиот живот се претвора во „турбо“. Со помош на својата екипа составена од полжави, тој ќе го стави своето срце во трката каде што ќе се обиде да докаже дека ниту еден сон не е премногу голем, ниту пак премногу мал.
„Ниту еден сон не е премногу голем, ниту пак премногу мал.“
14. „Земја пред времето“ – Секој ден наоѓајте време за да го слушате својот внатрешен глас!
Кога Мало Стапало ќе биде одвоено од својата мајка после земјотресот, ќе пронајде четири пријатели со кои заедно ќе се обидат да ги пронајдат своите баба, дедо и зелената долина.
„Нека вашето срце биде ваш водич. Тоа шепоти, слушајте го внимателно!“
15. „Воли“ – Направете го она што треба за да се чувствувате навистина среќно!
Филмот почнува во 2815 година на Земјата која е преплавена со отпад и на која нема никаков знак за каков било вид живот. Се создала програма која ќе ги префрли луѓето од безживотната планета во вселената, додека илјадници Воли уреди ќе ја чистат Земјата од отпадот. Овој план бил неуспешен, па затоа луѓето ги исклучиле сите Воли уреди, но заборавиле еден…
„Јас не сакам да преживеам. Јас сакам да живеам!“
16. „Шрек“ – Постои уште една личност покрај онаа што се гледа однадвор!
Кога големиот огар по име Шрек дознава дека неговите мочуришта го презеле бајковити суштества, тој се спријателува со магаре со кое заедно се обидува да ги побара мочуриштата назад. Тие заедно се испратени на мисија за да ја спасат принцезата Фиона, која ја чека својата вистинска љубов. Фиона држи нешто во тајност што можеби ќе ги збуни Принцот и огарот.
„Огарите се како кромид. А, кромидот има слоеви.“