Лејди Гага повторно на филмското платно, но кој згоден актер ќе ја придружува сега?
Лејди Гага повторно ќе ја видиме на филмското платно, но овој пат нема да и прави друштво Бредли Купер, туку згодниот Бред Пит. Филмот се вика „Bullet Train“, кој се базира на јапонска мистериозна приказна. Бред ќе глуми платен убиец со прекар „Бубамара“ во филмот, сепак не е познато каква улога ќе има Лејди Гагa, но познато е дека таа нема да биде главната актерка.
34-годишната пејачка беше номинирана за Оскар за најдобра актерка во филмот „A star is born“ во 2018 година, а по премиерата на филмот се зборуваше многу за романсата меѓу неа и Купер. Врската никогаш не била потврдена, но бракот на Бредли и неговата сопруга Ирина Шајк заврши неславно, како и тогашната врска на Гага со италијанскиот дизајнер. Затоа, воопшто нема сомнежи дека очите на јавноста уште еднаш ќе го следат секој чекор на Лејди Гага, но и на Бред Пит, кој неодамна повторно стана слободен.
Можеби ќе сакате да го погледнете и трејлерот за новиот филм со Том и Џери.