Која е серијата што ги зголеми продажбите на шаховски комплети и онлајн часови по шах?
The Queen’s Gambit e нова мини серија за девојката по име Бет Хармон која е професионалец во шах. Ова е една од најпопуларните драми на Нетфликс во моментов, но не е тоа така бидејќи приказната е интересната, туку серијата стана многу попларна, бидејќи предизвика многу гледачи да започнат да играат шах. Всушност, eBay објави 273 проценти зголемување на пребарувањата за шаховски комплети во рок од 10 дена по објавувањето на шоуто, додека зборот шах скоро двојно се зголеми во пребарувањата на Google од претходната година.
Покрај љубопитните корисници кои пребаруваат статии поврзани со шахот преку Интернет, тие се насочуваат и кон видео платформи за да научат како да играат. Како што објави мајсторот за шах – Леви Розман, тој премина од просечно 70 000 прегледи на ден на неговиот канал GothamChess Twitch на 500 000 набргу по излегувањето на шоуто. Неговото најпопуларно видео? – „“How to Play the Queen’s Gambit.“.
Ако Queen’s Gambit ве инспирирал да му дадете шанса на шахот, можете да најдете бесплатни часови на Skillshare или MasterClass и да ги усовршите своите вештини. Откако ќе научите да ги именувате сите фигури на шаховска табла, подготвени сте да започнете да играте. Инвестирањето во класична табла е секогаш најдобрата опција која може да послужи и како убаво парче за декорација во домот. Како што вели Бет Хармон: „Шахот не е секогаш конкуренција. Шахот може да биде и убав“.
Можеби ќе сакате да ја погледнете и првата божиќна серија на Нетфликс!