Како деменцијата го уништи генијалецот Робин Вилијамс?

Како деменцијата го уништи генијалецот Робин Вилијамс?

Токму со оваа идеја за наслов и по барање на вдовицата на Робин Вилијамс, беше направен нов документарец посветен на генијалниот комичар за чие предвремено заминување многумина сè уште жалат.

Новиот документарец „Robin’s Wish“ носи тажен крај на актерот кој беше уништен од дијагностицирана невродегенеративна болест поради која несреќно си го одзеде животот во 2014 година. Деменцијата е смртоносна и разорна состојба, малку позната и често погрешно дијагностицирана. За некого како Вилијамс, чиј сјај зависеше од остар и брз ум и акција, сигурно беше особено застрашувачка болест што вклучуваше халуцинации, страв и заблуди. Овој филм, по барање на Сузан Шнајдер, вдовицата на Вилијамс, има цел да ја подигне свеста за болеста. Документарецот е информативен и влијателен, но распаѓањето и страдањата на Вилијамс го прават многу емотивен. Но, ако сте љубители на одличниот Робин Вилијамс, вреди да го погледнете за да го разберете неговото несреќно заминување.

Доаѓа филм за кој веќе е предвидена номинација за Оскар!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар