Исчезнувањето на Алис Крид (Тhe disappearance of Alice Creed)

Исчезнувањето на Алис Крид (Тhe disappearance of Alice Creed)

Приказна за лагата, стравот, борбата и неизвесноста

Исчезнувањето на Алис КридГлавни ликови: Мартин Компстон, Еди Марсан, Гема Артертон

Режисер: Џеј Блејксон

Жанр: криминалистика, трилер, драма

Времетраење: 98 минути

Јазик: англиски

Премиера: 30 април 2010

Музика: Марк Кенхам

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 8/10

_________________________________________________________________________________________
Животот е непредвидлив. Додека се надевате дека ќе ви биде среќен и исполнет, може да ви се случат неочекувани ситуации кои ќе ви го променат засекогаш. Тоа ѝ се случува на прекрасната Алис Крид: еден ден ја живее својата младост, а следниот е заробена во 4 ѕида, надевајќи се дека ќе успее да си го спаси својот живот. __________________________________________________________________________________

Приказна: Двајца маскирани мажи грабнуваат една убава девојка од улица. Ја носат во напуштена куќа во која има јака звучна изолација, ја врзуваат за кревет и ѝ ја затнуваат устата. Девојката се вика Алис Крид, ќерка на милионер. Киднаперите имаат смислено прецизен и страшно генијален план, кој веруваат дека ќе им се оствари, но паметната Алис не се предава без борба.
Исчезнувањето на Алис КридНема да ви откриеме зошто токму Алис е нивната жртва и какви им се индивидуалните намери на киднаперите, бидејќи колку помалку знаете, толку повеќе ќе се возбудувате од изненадувањата кои ги носи секоја наредна сцена. Во вознемирувачкиот хаос од спротивставени интереси, лицемерие, алчност и желба за опстанок, сфаќате дека дури и најдобриот план може  да тргне наопаку, ако погрешите во изборот на вашата жртва.
Исчезнувањето на Алис Крид Кинематографија: Импресивна е првата сцена од филмот, кога киднаперите ги прават подготовките за грабнувањето на девојката, со обрнување внимание на секој детаљ. Ќе помислите дека уште на самиот почеток можете да го предвидите крајот, но се лажете – овој филм е сé само не предвидлив. „Исчезнувањето на Алис Крид“ е филм полн со многу драматични сплетки и неочекувани ситуации. Светлото и ефектите со камерата пренесуваат чувство на клаустрофобија, мрачност и неспокој.
Исчезнувањето на Алис КридНа моменти релаксирачка и мелодична, улогата на музиката во филмот е да го интензивира чувството на тензија и страв од неизвесното. Мал недостаток во сценариото е што нема повеќе информации за животот на Алис Крид пред киднапирањето.

Кога и како да го гледате: Препорачуваме да го гледате сами навечер, за да можете најубаво да ги почувствувате неизвесноста, стравот и напнатоста. Пожелно е да го гледате со високо-квалитетна слика.
Исчезнувањето на Алис Крид Слични филмови: „Одземена“ (Taken), „Лавиринт“ (Labyrinth), „Кошмар пред Божиќ“ (Nightmare Before Christmas)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар