„Firefly Lane“: Нова серија која е идеална за гледање во друштво со најдобрите пријателки

„Firefly Lane“: Нова серија која е идеална за гледање во друштво со најдобрите пријателки

Американската драмска серија „Firefly Lane“ е создадена врз основа на истоимената книга и серијата ги следи животите на двете најдобри пријателки од моментот кога се запознале во тинејџерските години. Станува збор за Кејт, која е вечен интроверт и за Тали, која е најпопуларната девојка на училиште. Тие се запознаа во 1974 година и меѓу нив се формираше тридецениско пријателство. Двете пријателки ги преживеаја сите подеми и падови заедно, но и трагедиите во животот, што на крајот дополнително ја зајакнуваат нивната нераскинлива врска.

Приказната нè води низ минатото, а потоа нè враќа во сегашноста каде што Тали е позната водителка на дневното шоу „Часот на девојката“, а Кејт е домаќинка која се разведува и сака да се врати на работа.

Авторот на серијата сакаше да ја покаже целата сложеност на односите на жените и понатаму да ги истражува сите аспекти на мајчинството и пријателството. Музиката е важен елемент на оваа серија. Песните се внимателно избрани со цел да ја рефлектираат емоцијата на одредени сцени или подобро да ја предизвикаат атмосферата и честопати тематски одговараат на она низ што поминуваат ликовите. Секоја епизода од серијата е насловена како позната песна, на пример „Hello Yellow Brick Road“ од Битлси или „Sweet Child O’ Mine“ од Guns N’ Roses.

Moжеби ќе сакате да ја погледнете и „It’s a sin“ – серијата што ја освои публиката ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар