Филмски маратон: 3 забавни комедии за овој продолжен викенд

Филмски маратон: 3 забавни комедии за овој продолжен викенд

Бидејќи ве очекуваат 3 слободни денови пред вас, ви препорачуваме по една комедија за секој од нив. Овие филмови ќе ве насмеат, расположат и ќе ви го одвлечат вниманието од фактот дека треба да се вратите на работа во понеделник. Уживајте!

1. Како да бидете сингл (How to Be Single)

(1) Филмски маратон: 3 забавни комедии за овој продолжен викенд

Постои правилен начин да се биде сингл, погрешен начин да се биде сингл и… Па, начинот на Алис, Робин, Луси, Мег, Том и Дејвид. Њујорк е преполн со осамени срца кои ја бараат својата втора половина, да бидат дел од врска, да запознаат нова личност или пак, што било помеѓу… Но, спиењето наоколу во градот што никогаш не спие, не е секогаш добра идеја!

2. Господин Совршен (Mr. Right)

(2) Филмски маратон: 3 забавни комедии за овој продолжен викенд

Откако ќе помине низ тешко раскинување, една жена запознава маж кој изгледа совршен за неа. Но, како што нивната врска се развива, така таа открива дека тој е поранешен платен убиец. Нивната нова, но искрена врска уште повеќе се тестира кога тие ќе се обидат да се спасат еден со друг откако неговото темно минато ќе се врати да го прогонува.

3. Од почеток (The Do-Over)

(3) Филмски маратон: 3 забавни комедии за овој продолжен викенд

Макс и Чарли, стари пријатели од детството, повторно се сретнуваат на нивната 25-годишнина од матура каде што решаваат да го обноват своето пријателство, а потоа да започнат од почеток со својот живот. Дали ќе успеат во тоа откако ќе го убедат светот дека се мртви и ќе преземат нови идентитети?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар