Претходно
Филмска листа за романтични ноќи
Датум: 14 фев 2013
Тагови: Денот на вљубените, Св. Валентин, предлози, романса, романтика, филмови, филмска листа, љубов
Среќник (The Lucky One)
Режисер: Скот Хикс
Улоги: Зек Ефрон, Тејлор Шилинг, Блајт Денер
Премиера: 20 април 2012
Времетраење: 101 минути
Наша оценка: 7
Кратка приказна: Овој филм е екранизација на книга од Николас Спаркс, така што знаете колку романтика треба да очекувате. Во него се работи за американски војник кој додека служи во Ирак ќе најде фотографија од убава девојка на која пишува „Чувај се“. Токму во моментот кога ќе излезе за да ја земе сликата, во засолништето ќе биде фрлена бомба. Кога ќе се врати во САД тој ќе тргне во потрага по девојката од сликата, сметајќи дека таа му го спасила животот и му е судена.
Bi trebalo da ste go stavile i filmot First Love.Tajlandskiot film za prvata skriena ljubov pomegu edno momce i edvojce 🙂