Филмови кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година - Part 2

Филмови кои имаат потенцијал да ја освојат 2014 година

6. Бескрајна љубов (Endless love) – 14 февруари 2014

Кратка содржина: Приказна за девојка која целосно ќе се промени откако ќе се заљуби во едно момче. Таа конечно ќе излезе од светот на книгите и ќе почне вистински да живее, но тоа на родителите нема да им се допаѓа, па тие ќе се обидат да ја забранат нивната врска. Токму тогаш ќе почнат вистинските проблеми.

Главни улоги: Габриела Вајлд, Алекс Петифер, Брус Гринвуд

7. Ное (Noah) – 28 март 2014

Кратка содржина: Откријте ја од почеток една од најпознатите библиски приказни. Дејството се одвива околу Ное, кој доживува визии за апокалиптична поплава и се обидува да преземе сè што е во негова моќ за да го заштити своето семејство.

Главни улоги: Ема Вотсон, Џенифер Конели, Логан Лерман

8. Соседи (Neighbors) – 9 мај 2014

Кратка содржина: Млад брачен пар со новороденче, во очекување на новите соседи открива дека куќата ја купиле група студенти кои ќе ја претворат во братство. Парот ќе биде приморан да се соочува со сите глупости кои тие ги предизвикуваат под дејство на алкохол.

Главни улоги: Сит Роген, Роуз Бирн, Зак Ефрон

9. На работ од утрешнината (Edge of tomorrow) – 6 јуни 2014

Кратка содржина: Војник кој се бори во војна против вонземјани се наоѓа заглавен во временски јазол на последниот ден од битката, но со секое повторување тој станува сè подобар во неговата мисија.

Главни улоги: Том Круз, Емили Блант, Бил Пакстон

10. Раѓањето на Јупитер (Jupiter ascending) – 18 јули 2014

Кратка содржина: Јупитер Џоунс била родена под ноќно небо, со знаци кои предвидуваат дека ѝ е судено да постигне големи нешта. Токму затоа кралицата од друг свет го порачува нејзиното убиство, бидејќи верува дека таа е закана за нејзиното владеење.

Главни улоги: Мила Кунис, Ченинг Тејтум, Шон Бин


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар