Филм: Живописен пат (Scenic Route)

Филм: Живописен пат (Scenic Route)

Живописниот пат низ пеколот…

Филм: Живописен пат (Scenic Route)Режија: Кевин Гец, Мајкл Гец

Улоги: Џош Духамел, Дени Фоглер

Времетраење: 87 минути

Јазик: англиски

Премиера: 23 август 2013

Жанр: драма, трилер

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 8,63 од 10)
Loading...

Мичел и Картер (Џош Духамел и Ден Фоглер) се долгогодишни пријатели кои веќе не одржуваат интензивен контакт. Тишината меѓу себе ја прекинуваат со патување кон место кое за гледачите останува непознато, а за да стигнат дотаму не го избираат вообичаениот автопат, туку живописниот пат низ калифорниската пустина.Филм: Живописен пат (Scenic Route)Обидот за авантуристички излет надвор од нивната секојдневна рутина завршува во моментот кога се расипува автомобилот на Картер. Остануваат заглавени во жешката пустина, без храна и без вода. Тоа создава нервоза кај Мичел, која се интензивира кога Картер ќе признае дека намерно го предизвикал дефектот со отстранување на една жица за да добие време да си поразговара со стариот пријател. Подоцнежниот обид да се поправи дефектот е неуспешен така што навистина остануваат сами во пустината. Но таму, во ситуација кога можат да се потпрат само еден на друг, старите пријатели влегуваат од конфликт во конфликт кој носи неизвесен резултат.Филм: Живописен пат (Scenic Route)Ретко поминуваат други автомобили по нивниот живописен пат. Во филмот сè на сè се појавуваат вкупно седум ликови, а речиси сите дијалози се меѓу двата главни лика. Тие всушност се целиот филм. Гледањето на овој филм значи внимателно следење на одлични дијалози кои откриваат дел по дел од личноста на Мичел и Картер. Преку нив дознаваме дека ова е всушност приказна за двајца пријатели кои некогаш имале големи соништа, а денес се соочуваат со дилемите за тоа кој пат требало да го следат. Едниот од нив се откажал од можна кариера како правник со цел да стане писател, додека другиот е талентиран музичар кој игра на сигурно и се вработува во голема компанија.Филм: Живописен пат (Scenic Route)Дел од мислите кои си ги разменуваат додека се соочени со суровата пустина се преточуваат во дискусија за вредностите во животот, дел се караници поради исти или слични теми. Не е тип филм кој може да привлече широка публика и да ја забавува, туку е таков што секој ќе го доживее различно. Ако ве интересираат вакви филмови, тогаш овој со сигурност ќе ви го направи ќеифот. Не е многу долг, трае само 87 минути, а е доста интересно патување.Филм: Живописен пат (Scenic Route)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар