Филм: Таа (Her)

Филм: Таа (Her)

Можна ли е безусловна љубов помеѓу човек и машина?

1-film-taa-her-kafepauza.mkРежија: Спајк Џонс

Улоги: Џоакин Финекс, Руни Мара, Скарлет Јохансон, Ејми Адамс

Времетраење: 126 минути

Јазик: англиски

Премиера: 13 февруари 2014

Жанр: драма, романса, научна фантастика

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 7,63 од 10)
Loading...

Филмот „Таа“ е уникатно романтично научно-фантастично двочасовно патување кое ќе ви понуди одлична приказна, емотивно раздразнување и многу размислувања за иднината, технологијата и љубовта.

2-film-taa-her-kafepauza.mk

Теодор (Џоакин Финекс) поминува низ тежок период по разводот со неговата поранешна сопруга Кетрин (Руни Мара). Тој работи во агенција за пишување убави романтични писма. Сите луѓе немаат дарба или време да ја изразат својата љубов преку писмо, па во обид да ја одржат романсата, најмуваат друг да ја заврши таа работа за нив. Преку писмата на Теодор, почнуваме да се вљубуваме во неговиот лик.

Тој е инаку многу обичен тип, оди на работа и на враќање накај дома редовно си проверува имејл, како што впрочем и многумина од нас веќе прават. Еден ден добива информација за новиот оперативен систем, кој е многу напредна верзија на сето она што досега сме го виделе. Тој не само што може да ги заврши сите комплексни работи на вашиот компјутер или смарфон за многу брзо време, туку може да постане и личноста која вие сакате да биде. Тој може да има пол, име, глас, чувства, па според тоа и да се заљуби во вас. Тео го инсталира новиот оперативен систем и постепено почнува да гради однос со него, или во случајов, со неа – Саманта.

HER-FP-0833.JPG 4-film-taa-her-kafepauza.mk

Ако мислите дека ова е уште еден обид да се направи филм за иднината во кој животот во заедништво со машините ќе биде нормална работа, се лажете. Овде нема роботи, ниту војни помеѓу нив и луѓето. Овде фокусот е на развојот на технологијата на толку паметно, интимно и емотивно ниво што успева целосно да нѐ обземе и да нѐ натера да засакаме еден оперативен систем повеќе од кој било вистински човек околу нас. Ако малку размислите, тоа не е тешко. Кој не би посакал врска со личност која секогаш го прави она што го сакаме, не ни додева кога имаме работа и ги разбира сите наши чувства и потреби? Но, до каде сето тоа може да оди.

HER 6-film-taa-her-kafepauza.mk

Ликот на Саманта (оперативниот систем) не го гледаме, секако, но гласот кој го позајмува Скарлет Јохансон многу лесно ни овозможува да си ја замислиме и уште полесно да ја проголтаме приказната во која заемната љубов помеѓу човек и оперативен систем е возможна, остварлива и релативно малку се разликува од онаа меѓу двајца луѓе.

Ако имате два слободни часа и сакате да гледате добар филм, воопшто не двоумете се тоа да биде „Таа“. Иако претерувањето во развојот на приказната на моменти може да ве иритира (добро, сепак се работи за научна фантастика), во суштина ќе ви поттикне многу размислувања, и тоа не само за иднината, туку за сегашноста и начинот на кој го живееме животот, доближувајќи се сѐ повеќе до иновациите и технологијата, истовремено оддалечувајќи се од луѓето, и најстрашното од сѐ, прифаќајќи го сето тоа како нормално.

7-film-taa-her-kafepauza.mk 8-film-taa-her-kafepauza.mk 9-film-taa-her-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар