Филм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)

Филм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)

Како може љубовта да ја победи смртта?

Филм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)Режија: Џош Бун

Улоги: Шејлин Вудли, Ансел Елгорт, Нет Волф

Времетраење: 126 минути

Јазик: англиски

Премиера: 6 јуни 2014

Жанр: драма, романса

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (63 гласа, просек: 9,75 од 10)
Loading...

Од илјада тинејџерски филмови обично само еден е добар.

Е па, ова е илјадитиот.

Хејзел и Гас се двајца тинејџери кои со симпатии гледаат еден на друг уште од првиот момент кога ќе се сретнат. Гас отворено покажува дека му се допаѓа Хејзел, додека таа пак, иако покажува исти такви знаци никако не попушта пред неговиот шарм. Доколку приказната останеше само на ова, тогаш „Светот не е фабрика за исполнување желби“ ќе беше само уште еден лигав тинејџерски филм, но фактот дека приказната им се случува на двајца млади кои се болни од рак и постои сериозна можност да умрат, на филмот му дава сосема поинаков контекст.

(2) Филм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)

Приказната е прилично едноставна, а тоа што остава впечаток овде се двата главни лика. Хејзел и Гас се супер кул, интелигентни и забавни личности кои можат да водат интересни разговори и да прават уште поинтересни и необични нешта. Уште поимпресивен е начинот на кој што се носат со последиците од својата болест: Гас се шегува на сметка на загубената нога, а Хејзел нема проблем да зборува за цевчето во носот кое ѝ помага да диши. Двајцата актери, Шејлин Вудли и Ансел Елгорт одлично ги пренесуваат нивните карактери од книга на филм и лесно го шармираат гледачот, а во моментите кога тоа е потребно, му сервираат и голема доза емоции кои тој многу веројатно ќе ги голтне и ќе остане маѓепсан од нив.

Филм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)

„Светот не е фабрика за исполнување желби“ е филм за борбата меѓу љубовта и смртта. Хејзел и Гас се свесни дека можеби нема да го преживеат ракот, но љубовта ќе ги натера да го живеат животот како ништо да не се случува. Затоа што, кога човек се плаши од смртта тој го живее секој ден како да му е последен. Во случајот на овие двајца јунаци љубовта станува помоќната движечка сила во животот и затоа секој ден го живеат како да им е прв. Па што биде утре – биде.

Филм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)

Без оглед на тоа дали веќе сте ја прочитале книгата според која е сниман или не, веќе насетувате дека филмот ќе ве внесе во бројни тажни моменти, а ако сте од оние кои плачат на филмови, спремете си и марамчиња. Кога филм со ваков квалитет би обработувал тема за хероите од Втората светска војна или за црнците-робови, ова веројатно би бил кандидат за Оскарите и многу повеќе би се зборувало за него. Вака, вам ви останува да го препорачувате откако ќе го изгледате.

Филм: Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар