Филм: Светот Јура: Паднато Кралство (Jurassic World: Fallen Kingdom)
По вулканска ерупција на островот, Овен и Клер тргнуваат во мисија да ги спасат диносаурусите од целосно изумирање
Режија: Ј. А. Бајона
Улоги: Крис Прат, Брајс Далас Хауард, Тед Левин
Времетраење: 128 минути
Премиера: 7 јуни 2018
Јазик: англиски
Жанр: акција, авантура, научна фантастика
Наша оценка: 8/10
Ваша оценка:
Кој би рекол дека поминаа 25 години од првиот филм за паркот Јура? Овој пат, дејството нè води три години по настаните во „Светот Јура“ (Jurassic World), кога Овен (Крис Прат) и Клер (Брајс Далас Хауард) тргнуваат во опасна мисија да ги спасат диносаурусите од изумирање по смртоносна вулканска ерупција на островот. Има многу новитети во самиот филм, како на пример, карактерот на Клер, што е целосно сменет. Не добивме објаснување што точно се случило за да настане оваа промена, но без сомнение станува збор за нешто многу позитивно. Од друга страна пак, Овен си е истиот како и во првиот дел, што исто така е многу позитивно, затоа што Крис совршено ни го претстави својот лик.
Што се однесува до самата приказна, филмот ги задржува своите цврсти научно фантастични корени, носејќи нè на лудо патување што не е типично за светот на Холивуд. Исто така мора да се спомене и пораката што ни ја пренесува овој филм – важноста на животите и правата на суштествата што ние ги создаваме. Претходните филмови во франшизата скоро и да не ја допреа оваа тема, а сметам дека е многу важна за самиот жанр. На кратко, планетата Земја е неповратно сменета од луѓето што сонуваа да ги вратат овие антички суштества во животот, и додека три птеродактили летаат под сонцето, навраќајќи нè назад во последните моменти на оригиналниот филм, едноставно нема да се сопрете да посакувате да дознаете повеќе за овој Свет Јура!