Филм: Светот Јура (Jurassic World)
После 22 години, нов тематски парк е изграден врз стариот парк Јура
Режија: Колин Тревороу
Улоги: Крис Прат, Брајс Далас Хауард, Тај Симпкинс
Времетраење: 124 минути
Јазик: англиски
Премиера: 12 јуни 2015
Жанр: акција, авантура, научна фантастика
Наша оценка: 9/10
Ваша оценка:
Поминаа 22 година откако се случи трагедијата во оригиналниот парк Јура. Но, со оглед на тоа што во овој момент има над 20.000 гости во новиот тематски парк, можеме слободно да заклучиме дека тој има одлична репутација. Сепак, како и со сите други нешта, така и со диносаурусите луѓето почнуваат да губат интерес, па одвреме-навреме научниците кои работат на враќање нови видови во живот мора да создадат нешто помоќно и пострашно кое ќе го привлече одново вниманието на туристите.
Токму затоа тие овој пат ни го претставуваат Индоминус Рекс, кој е генетски модификувана комбинација од Тирекс и друг вид диносаурус кој се чува во тајност. Оваа манипулација на гените предизвикала создавање на нов агресивен вид кој е поинтелигентен и помоќен од сите кои досега имавме можност да ги видиме во претходните делови. Токму затоа и воопшто не треба да ве изненади фактот дека работите ќе тргнат наопаку, исто како и секогаш претходно… А бидејќи на луѓето најважна им е својата репутација, како и заработката, ситуацијата со секоја минута само дополнително ќе се влошува.
Доколку сте фан на претходните филмови за паркот Јура, вие без сомнение ќе бидете воодушевени од овој дел. Диносаурусите никогаш претходно не изгледале толку реално, додека пак пријателскиот однос кој тие го имаат развиено со луѓето ни воведува пријатна свежина во приказната. Од друга страна пак, знаете дека без сомнение филмот е добар штом продуцентот е Стивен Спилберг, а Крис Прат и Брајс Далас Хауард се во главните улоги. Со нивната комбинација едноставно не може да има лош филм…