Филм: Средината на март (The Ides od March)

Филм: Средината на март (The Ides od March)

Филм за идеализмот наспроти бруталноста во борбата за политичка моќ…

Филм: Средината на март (The Ides od March)Режија: Џорџ Клуни

Улоги: Рајан Гослинг, Џорџ Клуни, Филип Сејмур Хофман, Пол Џијамати, Мариса Томеи

Времетраење: 101 минути

Јазик: англиски

Премиера: 7 октомври 2011

Жанр: политички трилер, драма

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 7,67 од 10)
Loading...

Во средината на март, кампањата за избор на кандидатот на демократите за претседателските избори во САД е во полн ек. Јавувајќи се како режисер, сценарист и актер во филмот, Џорџ Клуни од тоа направил извонреден политички трилер кој ќе ви овозможи да ѕирнете што се случува зад сцената додека политичарите блескаат на говорниците. Акцентот не е ставен на некакви спектакуларни говори кои треба да ве воодушеват или да донесат драматичност во дејството, туку во преден план се политичките интриги, заговори и местенки.Филм: Средината на март (The Ides od March)Филм: Средината на март (The Ides od March)Додека гувернерот Мајк Морис (Џорџ Клуни) се бори да ја добие номинацијата на демократите за претседателските избори во САД против сенаторот Тед Пулман, во преден план избива младиот и талентиран Стивен Маерс (Рајан Гослинг). Тој е ѕвезда во подем, знае да ги манипулира медиумите во своја корист и е втор човек во неговата кампања, веднаш зад стариот итар Пол Зара (Филип Сејмур Хофман). Двајцата заедно војуваат против тимот на Пулман кој е воден од бесскрупулозниот Том Дафи (Пол Џијамати).Филм: Средината на март (The Ides od March)Главната цел на двата тима е да го придобијат на своја страна сенаторот од Северна Каролина, Френклин Томпсон (Џефри Рајт), кој контролира доволно делегати за да може кој било да се кандидира за претседател. Дафи прв стигнува до неговата наклонетост, по што ќе го повика Маерс на таен состанок на којшто ќе му понуди да ја смени страната и да го напушти бродот што тоне. Тој, воден од својот идеализам и вербата во добрите намери на гувернерот Морис, ќе одбие, но останува прашањето како на неговиот таен состанок ќе реагираат луѓето од неговиот тим. Кога на тоа ќе се додаде и неговата тајна романса со младата приправничка Моли (Еван Рејчел Вуд) која и самата крие премногу тајни, Маерс ќе биде ставен на тест кој може предвреме да му ја заврши кариерата.Филм: Средината на март (The Ides od March)Дејството најчесто се одвива во штабовите, канцелариите или слични места каде што искажаните зборови ќе останат тајна. Дијалозите воопшто нема да ви бидат товар додека го гледате филмот, но од мозоците на кампањата можете да очекувате доста добри реплики.Филм: Средината на март (The Ides od March)„Средината на март“ (The Ides of March) е доста забавен филм во кој постојано се случува нешто. Проблемите со кои се соочува главниот лик се добро испреплетени меѓу себе, но ништо не е комплицирано. Овој филм сепак спаѓа во категоријата на оние кои можат да ве натераат да заборавите на проблемите барем додека трае и добро да се опуштите пред екранот.Филм: Средината на март (The Ides od March)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар