Филм: Снимка на секс (Sex Tape)
Филм за љубовта, бракот, сексот и негативната страна на технологијата
Режија: Џејк Касдан
Улоги: Камерон Дијаз, Џејсон Сигал, Роб Кодри, Ели Кемпер, Роб Лоуи
Времетраење: 94 минути
Јазик: англиски
Премиера: 18 јули 2014
Жанр: комедија
Наша оценка: 8/10
Ваша оценка:
Доколку барате лесна комедија која ќе ве опушти и насмее, тогаш „Снимка на секс“ е совршениот филм за вас. Камерон Дијаз и Џејсон Сигал во улогите на Ени и Џеј на комичен начин ќе ви покажат дека живееме во време кога едноставно повеќе не може да ѝ се верува на технологијата, особено кога станува збор за снимка на секс. Таа се развива со толку голема брзина, што ретко кој е целосно во тек со сите апдејти и новости и токму тоа е причината за најдолгиот ден од нивниот живот.
Кога Џеј и Ени ја започнале својата врска, тие чувствувале неверојатно голема взаемна привлечност и едноставно не можеле да си ги тргнат рацете еден од друг. Но, по 10 години брак и 2 деца тие почнале да забележуваат дека жарчињата на страст помеѓу нив се пред исчезнување, па токму затоа решаваат да ги зачинат малку работите. За да си докажат еден на друг дека не заборавила како да имаат секс, тие решаваат да се снимат додека ги испробуваат сите позиции од книгата „The Joy of Sex“ во маратон кој трае 3 часа.
Џеј и Ени ја имаат можеби најдобрата вечер од својот живот, но работите ќе тргнат наопаку кога наредниот ден тие ќе дознаат дека нивното видео се аплоадирало на „облакот“ и се синхронизирало со сите стари ајпадови на Џеј кои тој ги дал како подарок. Можете да ја замислите нивната реакција кога тие ќе сфатат дека нивниот син, нивните најдобри пријатели, мајката и новиот шеф на Ени, ккао и поштарот имаат шанси да ја видат оваа снимка. Во тој момент ќе започне најлудата трка во нивниот живот во која тие ќе бидат подготвени на сè само да не излезе оваа снимка во јавност.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.