Филм: Снајперист (American Sniper)

Филм: Снајперист (American Sniper)

Кога патриотизмот го оправдува злото…

Филм: Снајперист (American Sniper)Режија: Клинт Иствуд

Улоги: Бредли Купер, Сиена Милер, Кајл Галнер

Времетраење: 132 минути

Јазик: англиски

Премиера: 16 јануари 2015

Жанр: акција, биографија, драма

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (11 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

Гледајќи го „Санјперист“ човек може да се запраша што сè може да биде оправдано во име на патриотизмот. Ова е биографски филм за еден патриот кој оди во друга држава да убива, за тоа добива статус на легенда и на крај е претставен како херој. Се работи за Крис Кајл, човек кој е познат како најдобриот снајперист во американската воена историја со преку 160 потврдени убиства. Тој подоцна напишал книга за своите искуства од војните на Блискиот исток и според неа Клинт Иствуд го создал овој филм.

Филм: Снајперист (American Sniper)

На почетокот на филмот дознаваме дека Крис е растен во стереотипно американско конзервативно семејство. Секоја недела одат во црква, зборот на насилниот татко е закон дома и веруваат дека на светот има многу варвари кои ја мразат нивната обожавана Америка. Татко му ќе го научи дека постојат три вида луѓе: овци – луѓе кои се бранат, волци – луѓе кои напаѓаат, и овчарски кучиња – луѓе кои ги бранат овците од волците, а тој им вели дека во неговата куќа има место само за овчарски кучиња. Веќе погодувате, растејќи во таква средина во време кога Америка е под терористички напади и закани, човекот – овчарско куче Крис Кајл има само еден избор – да ја брани својата татковина од волците.

Филм: Снајперист (American Sniper)

Се пријавува во маринците, одлично ја поминува обуката и брзо по својата венчавка е повикан во Авганистан. Таму има задача со снајпер да го покрива својот тим за време на акција од можни напади. Толку добро си ја работи својата работа што за кратко време од другите војници го добива прекарот Легенда. Неколку пати добива одмор и се враќа во Америка кај сопругата и децата, но Легендата едвај чека пак да се врати и да им служи на својата татковина и на оние кои ја бранат во далечниот Авганистан. Сопругата му се жали дека таа практично нема маж, дека децата ретко го гледаат, но тој и понатаму татковинската должност ја става пред семејната.

Филм: Снајперист (American Sniper)

Целиот филм се врти околу ликот на овој човек. Нема вистинско дејство, туку само ја следиме неговата приказна во Авганистан и поретко во Америка, притоа добивајќи информации за неговиот лик и дело. Мора да се спомне дека и таков каков што е содржи доволно акција во себе, ја одржува тензијата и непредвидлив е поради тоа што нема класичен тек. За пофалба е и глумата на Бредли Купер. Неговата изведба е исто толку добра како и многуте негови претходни улоги.

Филм: Снајперист (American Sniper)

Тоа дали ќе ви се допадне филмот најмногу зависи од тоа како го сфаќате патриотизмот. Ова е филм за човек кој оди во војна за да убива, добива статус на легенда и ужива во тоа. Дури и кога ќе реши да смени нешто во животот, тоа нема да биде поради неговата совест. Ако не сакате возвишување и ставање на пиедестал на вакви ликови, најдобро е да го скокнете филмот. Ако тоа не ви пречи и сакате акции со многу пукање и крв од љубов кон татковината, „Снајперист“ е филм кој ќе го паметите долго време.

Филм: Снајперист (American Sniper)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар