Филм: Нерв (Nerve)

Филм: Нерв (Nerve)

Сакате да набљудувате или да играте?

(1) Филм: Нерв (Nerve)Режија: Хенри Џуст, Ариел Шулман

Улоги: Ема Робертс, Дејв Франко, Емили Мид

Времетраење: 96 минути

Премиера: 25 август 2016

Jазик: англиски

Жанр: авантура, криминал, мистерија

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (19 гласа, просек: 9,47 од 10)
Loading...

Станува збор за онлајн видео игра, која се емитува во живо, и бара од учесниците да одберат дали ќе бидат набљудувачи или играчи. Ако одберете да набљудувате, тогаш од вас се бара да платите доколку сакате да ги следите вашите омилени играчи. Оние кои ја одбираат втората опција, го ризикуваат својот живот за лајкови, следбеници и парични награди така што завршуваат предизвици. На кратко, идејата за оваа онлајн видео игра е нешто што веќе можеме да го забележиме и во денешниот реален свет, но малку поекстремно.

(2) Филм: Нерв (Nerve)

Ви (Ема Робертс), е срамежлива студентка која по сите свои карактеристики би била одличен набљудувач во оваа игра. Но, нејзината најдобра пријателка, Сидни (Емили Мид), која слободно можеме да кажеме дека не поседува ни грам срам во неа, ќе ја натера Ви да учествува директно, односно како играч. Како прва задача, добива инструкции да бакне странец во јавност и таа ќе го избере токму симпатичниот Иан (Дејв Франко). На тој начин полека почнува да ја покажува својата дива страна.

(3) Филм: Нерв (Nerve)

На почетокот сè се движи според планот, но набрзо, нештата ќе преминат од забавни во смртоносни. Ви и Иан ќе сфатат дека се заробеници на играта и единствениот начин да излезат од неа е доколку победат. Но, колку се спремни да ризикуваат за да успеат? Ема Робертс и Дејв Франко, кои имаат 25 и 31 година се малку стари за своите улоги како тинејџери, но сепак им даваат интересен шарм на своите ликови. Токму поради нив и нивната хемија, приказната добива интересна димензија – дури и покрај лудите и апсурдни предизвици кои успеваат да ги преживеат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    extra

Остави коментар