Филм: Најлоша ноќ во животот (Walk of Shame)

Филм: Најлоша ноќ во животот (Walk of Shame)

Што сè би направиле за да стигнете навреме за работата од вашите соништа?

Филм: Најлоша ноќ во животот (Walk of Shame)

Режија: Стивен Брил

Улоги: Елизабет Бенкс, Џејмс Марсден, Џилијан Џејкобс, Сара Рајт

Времетраење: 95 минути

Јазик: англиски

Премиера: 2 мај 2014

Жанр: комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (41 гласа, просек: 8,49 од 10)
Loading...

Меган Мајлс (Елизабет Бенкс) е новинарка која ги води вестите на локален ТВ канал во Лос Анџелес. Но, нејзиниот сон е да се префрли на национална телевизија, па токму затоа целиот живот се трудела да биде добра девојка со цел да си ја оствари оваа желба. Работите се одвиваат според планот. Нејзината репутација на добра девојка ѝ помага да добие интервју за работа во национална телевизија, каде што поминува многу добро. Таа има свршеник со кој живее заедно и 2 најдобри пријателки кои се секогаш тука за неа.

Филм: Најлоша ноќ во животот (Walk of Shame)

Но, набрзо работите ќе тргнат во сосема спротивна насока. Неколку недели по интервјуто таа ќе остане без свршеникот и без шанса за работата од соништата. Нејзините пријателки за да ја расположат ќе ја убедат да облече секси фустан и да излезе со нив во клуб. Од комплетен хаос, вечерта ќе ѝ се претвори во одлична и пијана забава која ќе трае сè до моментот кога таа ќе тргне да го бара тоалетот. По грешка, наместо во тоалетот, таа ќе излезе надвор од клубот, од задниот влез каде што чевлата ќе ѝ се заглави во подот и нема да може да мрдне. За среќа, шанкерот, Гордон (Џејмс Марсден), чија смена само што завршила ќе ја забележи и ќе ѝ помогне. Бидејќи разговорот добро ќе им тргне, таа без многу размислување ќе му предложи да одат кај него дома каде што и двајцата ќе си поминат лудо и незаборавно.

Филм: Најлоша ноќ во животот (Walk of Shame) Филм: Најлоша ноќ во животот (Walk of Shame)

Меган ќе се разбуди некаде во средината на вечерта, сè уште под дејство на алкохол и бидејќи нема да може да го најде својот мобилен ќе го употреби домашниот телефон на Гордон за да си ги провери гласовните пораки. На нејзино изненадување, продуцентот ѝ оставил порака во која ѝ објаснува дека таа е повторно во игра за работното место во националната телевизија и ѝ препорачува убаво да се наспие вечерта затоа што наредниот ден, во 17 часот ќе дојдат претставници за да ја гледаат во живо. Без многу размислување таа ќе ги земе клучевите од автомобилот и ќе излезе надвор од зградата. За жал, ќе задоцни и влечната служба пред очи ќе ѝ помине со автомобилот, оставајќи ја сама на улица, без лична идентификација, мобилен телефон ниту пак, пари. И во тој момент ќе започне нејзиниот најдолг од на срамот…

Филм: Најлоша ноќ во животот (Walk of Shame) Филм: Најлоша ноќ во животот (Walk of Shame)

Станува збор за една од оние комедии кои се апсурдно смешни. Меган во обид да пристигне навреме за својата работа, за само неколку часа ќе успее да ги прекрши сите закони, од кои голем дел ненамерно. Таа ќе биде погрешно сфатена поради својата облека, нејзините молби за помош ќе бидат толкувани сосема спротивно и ситуациите во кои ќе запаѓа ќе ве смеат до солзи. Овој филм ќе ви покаже дека луѓето навистина се проценуваат според својот изглед и дека никој нема да ви направи услуга доколку немате како да му возвратите, без разлика на ситуацијата. Накратко, доколку имате слободно време и сакате малку да се опуштите, овој филм со сигурност ќе ви помогне во тоа.

Филм: Најлоша ноќ во животот (Walk of Shame) Филм: Најлоша ноќ во животот (Walk of Shame)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар