Филм: Логан (Logan)

Филм: Логан (Logan)

Во блиска иднина, Логан се грижи за болниот професор X. Нивниот живот целосно ќе се смени по појавата на 10-годишен мутант.

(1) Филм: Логан (Logan)Режија: Џејмс Менголд

Улоги: Хју Џекмен, Патрик Стјуард, Дафни Кин

Времетраење: 137 минути

Премиера: 2 март 2017

Јазик: англиски

Жанр: драма, акција, научна фантастика

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 9,90 од 10)
Loading...

Уште кога разбравме дека ќе се снима ново продолжение за епскиот лик Вулверин – еден од најпознатите мутанти во универзумот на Марвел, знаевме дека ова ќе биде последен пат кога ќе имаме можност да го видиме Хју Џекмен со неговите препознатливи канџи. Со оглед на тоа што карактерот без сомнение ја дефинираше неговата кариера, а истото ќе продолжи да го прави и понатаму, нашите очекувања беа големи – сигурно не постои ниту еден фан што би се задоволил со површно завршување на толку богата приказна. Имајќи го тоа на ум, мора да признаеме дека филмот ги надминува сите очекувања и не само тоа, туку и целосно го променува жанрот за суперхерои.

(2) Филм: Логан (Logan) (3) Филм: Логан (Logan)

Приказната започнува така што Вулверин, кој сега изгледа значително постаро од претходно, е опколен со група негативци што сакаат да го украдат и она малку што тој го поседува, без да знаат кому му се закануваат. Тој ги предупредува да не го нападнат, но секако тоа нема да успее. Исто како и сите останати споредни негативци, во сите филмови што досега сме ги гледале, тие брзоплето ќе го нападнат и тој ќе биде приморан да се брани на единствениот начин на кој знае – така што ќе ги убие сите. Овој лик отсекогаш бил на границата помеѓу херој и отпадник, па затоа и му треба еден вид мисија, односно поголема цел, за да може да се бори на страната на доброто. Оставен сам на себе, тој не е ништо повеќе од човек што се обидува да преживее, без да размислува на последиците. Ние го гледавме како поминува низ пекол, како ја преживува смртта на сите што некогаш ги сакал и сега сè што му преостанува е да продолжи да се бори, бидејќи за тоа и бил создаден. Но, за кого би го правел тоа? Одговорот на ова прашање е мало девојче, не постаро од 10 години.

(4) Филм: Логан (Logan) (5) Филм: Логан (Logan)

Дејството на овој филм е сместено во 2029 година, во еден вид постапокалиптична иднина. Ниту еден мутант не бил роден во последните 20 години, па тие на некој начин станале легенди што се пренесуваат од генерација на генерација преку стриповите и филмовите. Логан живее во изолирано место покрај американско-мексиканската граница и работи како возач на лимузина. Малкуте пари што ги заработува, ги користи за грижа на својот болен пријател Чарлс, односно професорот X, и според тоа што можеме да го забележиме, тие се единствените останати од својот вид. Но, тогаш ќе пристигне Лаура, 10-годишен мутант што целосно ќе го промени нивниот живот. Тоа што се случува понатаму, ќе ве оставиме сами да го доживеете, за да не ви го расипеме уживањето.

(6) Филм: Логан (Logan) (7) Филм: Логан (Logan)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар