Филм: Крадачката на книги (The Book Thief)

Филм: Крадачката на книги (The Book Thief)

Може ли некој да најде оптимизам во црнилото?

Филм: Крадачката на книги (The Book Thief)Режија: Брајан Парсивал

Улоги: Софи Нелис, Џефри Раш, Емили Вотсон, Нико Лирш

Времетраење: 131 минути

Јазик: англиски, германски

Премиера: 27 ноември 2013

Жанр: воена драма

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (46 гласа, просек: 9,13 од 10)
Loading...

Чиста десетка за „Крадачката на книги“! Не само заради извонредната приказна, одличната глума, музика, кинематографија и сите останати елементи кои еден филм го прават добар, туку и заради топлината и оптимизмот кои тој може да му ги пренесе на гледачот.

Филм: Крадачката на книги (The Book Thief)

Филмот е адаптација на новела посветена на Втората светска војна, која, според оние кои ја прочитале книгата, не отстапува од неа. И овде приказната е раскажана од страна на Смртта, која за првпат настапува уште во првите кадри кога братот на Лизел (Софи Нелис) го губи животот, по што таа е посвоена од старатели. Нејзините нови родители се строгата, добродушна и емоционално дистанцирана Роза Хуберман (Емили Вотсон) и Ханс Хуберман (Џефри Раш), чесен и приемчив човек со кого Лизел брзо гради близок однос, особено кога тој ќе почне да ја учи да чита.

Филм: Крадачката на книги (The Book Thief)

Лизел и Руди, момче од соседството кое е на нејзина возраст, стануваат дел од Хитлеровото младинско движење и сведочат на бројни безумни работи кои се случуваат во периодот кога нацистичкиот лидер се подготвува да го освои светот, како палења на книги на јавни места и прогонување на Евреите. Кога еден Евреин од нивното гратче ќе биде засолнет од страна на Ханс и Роза во нивниот подрум, Лизел со него развива блиско пријателство поради заедничката омраза кон Хитлер и заедничката љубов кон книгите. Таа ќе почне да краде книги за него и ќе се претвори во единствениот канал за проток на информации од надворешниот свет кон него. Таа ќе ја исцрта буквално секоја слика која овој човек ја има за она што се случува надвор, а токму тие слики се она што може да направи да го запаметите филмот.

Филм: Крадачката на книги (The Book Thief)

„Крадачката на книги“ можеби ќе ве потсети на Малиот принц од истоименото дело на Сент Егзипери поради детскиот начин на гледање на работите во суровите околности кои ги сервира околината во која тоа расте. Како ли само успеваат овие деца да најдат оптимизам во сето тоа црнило… Низ таквиот поглед од детски агол филмот дава и една поинаква и пореална слика за Втората светска војна како војна на нацистичката идеологија против светот, а не како што ние честопати ја замислуваме како војна помеѓу народи. Ретки се филмовите во кои Германците во текот на војната се прикажани како луѓе од крв и месо кои можеби не ја сакаат војната и не се само убивачки машини. Ако Лизел и Руди, Ханс и Роза не ве убедат во тоа, тогаш ништо нема.

Филм: Крадачката на книги (The Book Thief)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Tea Reply

    Одличен!

Остави коментар