Филм: Икс-Мен: Мрачниот Феникс (X-Men: Dark Phoenix)

Филм: Икс-Мен: Мрачниот Феникс (X-Men: Dark Phoenix)

Џин Греј почнува да развива неверојатни моќи кои ја претвораат во Мрачниот Феникс

Режија: Сајмон Кинберг

Улоги: Џејмс Мекавој, Мајкл Фесбендер, Џенифер Лоренс, Софи Турнер, Џесика Честејн

Времетраење: 181 минута

Премиера: 6 јуни 2019

Јазик: англиски

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

 

Овој филм е базиран според „Сагата за Мрачниот Феникс“ од 1980-тите години и ни ја раскажува приказната за нашиот омилен тим мутанти кои ќе мора да се борат против еден од нив. Добро познатата Џин Греј (Софи Турнер) е еден од најмоќните мутанти чии способности вклучуваат телекинеза и телепатија. Според некои, таа е можеби и најмоќната досега. И иако нејзиното срце отсекогаш било исполнето со добрина и желба да им помогне на другите, откако ќе би опседната од моќна вонземна сила, таа ќе се сврти против својот вид.

Џин Греј ќе биде под контрола на мистериозно суштество (Џесика Честејн) чии способности ќе ја свртат против нејзините пријатели, но и против нејзиниот свет, правејќи ја незапирлива негативка што нема да се плаши да ги убие дури и оние што некогаш ги сметала за најблиски. Поради заканата што ја предизвикува, човештвото ќе мора да најде начин како да ѝ се спротивстави и да ја спречи пред да биде предоцна.

Ако оваа приказна ви изгледа малку познато, не грешите. Филмот дели големи сличности со третото продолжение на Икс-Мен. Идејата е дека по настаните на филмот „Икс-Мен: Денови на идното минато“ (X-Men: Days of Future Past), временската линија е целосно избришана, па затоа и добивме нова верзија од истата приказна за Џин Греј, правејќи го овој тек на настани како еден вид пишана судбина за неа. Интересно, се согласувате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар