Филм: Игри на гладните: Мокингџеј – втор дел (The Hunger Games: Mockingjay - Part 2)

Филм: Игри на гладните: Мокингџеј – втор дел (The Hunger Games: Mockingjay – Part 2)

Додека војната со Панем ескалира, Кетнис Евердин мора храбро да го води бунтот против Сноу

(1) Филм: Игри на гладните: Мокингџеј – втор дел (The Hunger Games: Mockingjay - Part 2)Режија: Франсис Лоренс

Улоги: Џенифер Лоренс, Џош Хаџерсон, Лијам Хемсворт

Времетраење: 137 минути

Јазик: англиски

Премиера: 20 ноември 2015

Жанр: авантура, научна фантастика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 9,10 од 10)
Loading...

Приказната продолжува онаму каде што претходниот дел заврши. Откако Пита (Џош Хачерсон), чиј мозок бил испран, ја нападна Кетнис (Џенифер Лоренс), таа е цврсто убедена дека тој никогаш повторно нема да се врати во нормала. Во меѓувреме и покрај нејзините интензивни повреди, таа бара од претседателката Коин (Џулијен Мур) да биде пратена во првите редови на бунтот со цел да ги обедини сите дистрикти и да ги води против претседателот Сноу (Доналд Сатерленд).

(2) Филм: Игри на гладните: Мокингџеј – втор дел (The Hunger Games: Mockingjay - Part 2) (3) Филм: Игри на гладните: Мокингџеј – втор дел (The Hunger Games: Mockingjay - Part 2)

Но, Кетнис многу брзо ќе сфати дека таа е единствената која може да му се приближи доволно близу на Сноу и да го убие. Таа не сака да ризикува повеќе животи за оваа мисија и решава да тргне сама. Гејл (Лијам Хемсворт) веднаш ќе ги сфати нејзините вистински намери и ќе тргне со неа за заедно да го спречат насилството кое веќе премногу долго време трае. Нејзиниот план ќе се одвива добро, сè додека Пита не се врати повторно во игра…

(4) Филм: Игри на гладните: Мокингџеј – втор дел (The Hunger Games: Mockingjay - Part 2) (5) Филм: Игри на гладните: Мокингџеј – втор дел (The Hunger Games: Mockingjay - Part 2)

Како и претходните 3 дела, така и овој е исполнет со многу интензивни настани и насилство. Иако на моменти приказната делува избрзано и како клучни делови да не се доволно објаснети, предизвикувајќи ви да го изгубите вниманието со цел да се запрашате што точно се случи, сепак успеа да повика солзи во очите на целиот свет. Подгответе се за бура од емоции предизвикана од големата болка која Кетнис ја искусува на своето патување кое конечно дојде до својот крај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар