Филм: Градови на хартија (Paper Towns)

Филм: Градови на хартија (Paper Towns)

Младо момче, заедно со неговите пријатели, тргнува во потрага по исчезнатата девојка од соседството

(1) Филм: Градови на хартија (Paper Towns)Режија: Џејк Шраер

Улоги: Нет Вулф, Кара Делавињ, Остин Ејбрамс

Времетраење: 115 минути

Јазик: англиски

Премиера: 23 јули 2015

Жанр: драма, мистерија, романса

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (20 гласа, просек: 8,90 од 10)
Loading...

Доколку сте ја читале книгата „Paper Towns“ од Џон Грин, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и нејзината филмска адаптација. Но, дури и да ја немате прочитано, ако ви се допаѓаат приказни со оваа тематика дефинитивно би требало да му дадете шанса на овој филм. Дејствата се детално изработени, постепено внесувајќи ве во приказната, овозможувајќи ви да се соживеете со секој од ликовите. Но, она што е најинтересно од сè е непредвидливоста на самиот филм. Вие можеби мислите дека сте свесни за сè што се случува, но сепак на крајот ќе останете изненадени.

(2) Филм: Градови на хартија (Paper Towns)

Дејството започнува со запознавањето на Кју (Нет Вулф) и Марго (Кара Делавињ). Откако таа се преселила во неговото соседство, тие многу брзо станале неразделни пријатели. Но, како што растеле, така нивниот живот почнал да се движи во различни насоки, оддалечувајќи ги дури и покрај тоа што живеат еден наспроти друг. Секако, тоа не го спречило добриот Кју да има силни чувства за нескротливата Марго и постојано да копнее по нејзиното присуство.

(3) Филм: Градови на хартија (Paper Towns)

Марго не е обична девојка од соседството. Таа е личност која едноставно не може да седи на едно место, правејќи здодевни и монотони секојдневни нешта. Токму затоа и нејзиниот живот е составен од низа авантури, секоја полуда и поинтересна од претходната. Но, откако ќе открие дека нејзиното момче ја изневерувало со една од нејзините најблиски пријателки, таа ќе тргне во мисија за одмазда, барајќи помош од нејзиниот стар пријател – Кју. Оваа авантура повторно ќе ги зближи, давајќи му надеж на Кју дека тој сепак има шанса да го освои нејзиното срце. Но, по таа вечер Марго ќе исчезне, претворајќи се во една од мистериите кои таа толку многу ги сакаше…

(4) Филм: Градови на хартија (Paper Towns)

Но, тоа е само почетокот. Таа ќе остави низа траги зад себе кои Кју ќе реши да ги следи и токму затоа заедно со неговите пријатели ќе тргнат на патување кое целосно ќе го промени нивниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар