Филм: Генијални умови (Masterminds)
Комедија базирана според вистински грабеж што се случил во 1997 година
Режија: Џаред Хес
Улоги: Зак Галифианакис, Кристен Виг, Овен Вилсон, Кејт МекКинон
Времетраење: 95 минути
Премиера: 30 септември 2016
Јазик: англиски
Жанр: акција, комедија, криминал
Наша оценка: 6/10
Ваша оценка:
И покрај тоа што трејлерот можеби ќе ве изнасмее, како и фактот дека приказната црпи инспирација од вистински настан, сепак филмот не ги исполнува очекувањата што сигурно ги имате. Станува збор за еден грабеж од 1997 година, каде што ограбувачите украле 17 милиони долари во Северна Каролина. Во овој момент, тоа било една од најголемите кражби на пари на американското тло – но, овој филм без сомнение не е еден од најголемите во својот жанр.
Зак Галифианакис ја толкува улогата на Дејвид Гант – личноста одговорна за заштита на сефот кој подоцна ќе биде ограбен. Тој всушност е човекот кој овозможил овој грабеж да се случи. Дејвид е средновековен губитник кој копнее по возбуда, па затоа и Кели Кампбел (Кристин Виг), неговата поранешна соработничка, како и Стив Чејмберс (Овен Вилсон), нејзиниот пријател, лесно ќе го манипулираат со цел да го добијат тоа што ми е потребно за да успеат во својата намера.
Како што веќе спомнавме, филмот не ги исполнува очекувањата кои светот ги имаше, како од приказната, така и од тимот актери. Но, сепак, доколку сте љубители на апсурдните комедии со детска смисла за хумор и ве забавуваат урнебесните костими и перики што ги носат карактерите во ваквите приказни, тогаш овој филм со сигурност ќе ве насмее. Ако ништо друго, со сигурност ќе уживате во перформансот на Зак, кој игра уште една типична улога за неговиот карактер.