Филм: Ентмен и Осата (Ant-Man and the Wasp)

Филм: Ентмен и Осата (Ant-Man and the Wasp)

Ентмен тргнува на опасна мисија со Осата за да открие тајни од нивното минато

Режија: Пејтон Рид

Улоги: Пол Рад, Евангелин Лили, Мајкл Пена

Времетраење: 118 минути

Премиера: 5 јули 2018

Јазик: англиски

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Во 2015 година имавме можност да го запознаеме хумористичниот и будалест карактер Скот (Пол Рад), кој ќе стане Ентмен и член на тимот суперхерои познат како Одмаздници. Тој е најпрепознатлив по своите таленти за крадење, а и по неверојатната способност секогаш да завршува во затвор! Исто така, има и мала ќерка за која сè би направил. Филмот беше интересен за гледање, иако не успеа да ја достигне славата на некои од „поголемите“ имиња во светот на Марвел. Но, што е со второто продолжение?

Ако ги прашате критичарите и фановите ширум светот, тие најверојатно ќе ви го кажат истото како и за првиот дел – интересно, но ништо посебно. Всушност, зарем нешто би можело да го надмине „Одмазници: Бескрајна војна“ (Avengers: Infinity War)? Можеби токму тој филм е и проблемот. После таков епски „клифенгер“, нашите мозоци едноставно не можат да се вратат назад во свет каде што сè е во ред и да гледаат приказна во светот на Марвел без да се прашуваат што по ѓаволите се случува со целиот универзум после Танос?

Но, ајде да пробаме да се вратиме на темата – Ентмен и осата! Како и сите други филмови со суперхерои, така и овој е преполн со акција, низа негативци, спасувања во последен момент и семејна мелодрама. Приказната е просечна, доволно интересна да ве забавува додека го гледате филмот, но и доволно здодевна за да ја заборавите штом излезете од кино салата. Тоа што најмногу се издвојува, е самиот Скот – Пол Рад е едноставно незаменлив кога станува збор за човекот што може да смали како атом и да се зголеми како џин!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар