Филм: Ден на независноста: Нова закана (Independence Day: Resurgence)

Филм: Ден на независноста: Нова закана (Independence Day: Resurgence)

2 декади по првата инвазија, Земјата се соочува со нова закана од вонземни сили

(0) Филм: Ден на независноста: Нова закана (Independence Day: Resurgence)Режија: Роланд Емерик

Улоги: Лиам Хемсворт, Џеф Голдблум, Бил Пулман

Времетраење: 120 минути

Премиера: 23 јуни 2016

Jазик: англиски

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 8,00 од 10)
Loading...

Ако и вие неодамна решивте да го изгледате оригиналниот „Ден на независноста“ за прв пат по 20 години, тогаш сигурно пријатно сте се изненадиле од тоа колку е забавен. Како и секој друг филм, и тој има маани, но со оглед на тоа што бил снимен во 1996 година можеме лесно да поминеме над лошо напишаните дијалози и да се фокусираме на сцените кои без сомнение успеваат да го задржат нашето внимание. Но, дали истото може да се каже и за продолжението?

(5) Филм: Ден на независноста: Нова закана (Independence Day: Resurgence)

„Ден на независноста: Нова закана“ е масивен спектакл кој го бара целото ваше внимание, но не ги задоволува сите ваши барања. Земјата која преживеала вонземјанска инвазија пред 20 години сега е утопија со многу напредна технологија. Благодарение на технологијата која била извлечена од нивните бродови во 96-та, светот е многу поразличен и го заштитува моќен систем за одбрана кој е под контрола на глобалната агенција за вселенска заштита на Земјата која има пунктови на месечината и Сатурн.

(1) Филм: Ден на независноста: Нова закана (Independence Day: Resurgence)

Според тоа што можеме да го видиме, на Земјата владее глобален мир, бидејќи луѓето решиле да ги стават зад себе сите мали конфликти по борбата со застрашувачкиот непријател. Но, како што се доближува 20-годишнината од последниот напад, нештата едноставно мора да тргнат наопаку. Токму 2 дена пред 4-ти јули, еден од напуштените вселенски бродови кој се наоѓа некаде во Африка ги вклучува повторно своите светла и испраќа сигнал до флотата меѓу ѕвездите. Тоа е и причината зошто вонземјаните се враќаат назад на Земјата, барајќи одмазда и обидувајќи се да го покорат човештвото еднаш за секогаш. Но, овој пат, со многу, многу поголем брод!

(4) Филм: Ден на независноста: Нова закана (Independence Day: Resurgence)

Првата половина од филмот е интересна и лесно ќе уживате во неа додека ги јадете вашите пуканки. И кога вонземјаните ќе нападнат, специјалните ефекти се навистина импресивни и водат кон моменти кои без сомнение ќе ви го забрзаат срцето. Масивното уништување е застрашувачко за гледање! Но, потоа почнува вториот час, каде што филмот полека се распаѓа. Сценаристите се обидувале да задржат многу од нештата кои „успеале“ првиот пат и со тоа ни предизвикуваат чувство на дежа ву – но, во негативна смисла.

(3) Филм: Ден на независноста: Нова закана (Independence Day: Resurgence)

Тоа што можеби би нè изненадило во 90-тите, 20 години подоцна ќе ни предизвика да ги превртиме очите и да се насмееме погрдно. На кратко, филмот изгледа како да е копија на оригиналот, но со подобри специјални ефекти. Сепак, тоа не значи дека за џабе би ги потрошиле овие 2 часа од вашиот живот. Има неколку навистина интересни моменти, особено во делот на технологијата, додека пак специјалните ефекти како и секогаш претходно, ќе ве остават целосно без зборови.

(2) Филм: Ден на независноста: Нова закана (Independence Day: Resurgence)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар