Филм: Ана (Anna)

Филм: Ана (Anna)

Ништо не е онака како што изгледа!

Режија: Лук Бесон

Улоги: Саша Лас, Хелен Мирен, Лук Еванс

Времетраење: 119 минути

Премиера: 20 јуни 2019

Јазик: англиски

Жанр: акција, трилер

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

 

Станува збор за уште една приказна од ерата на Студената војна, но овој пат претставувајќи ни млад талент чија иднина без сомнение води кон незаборавната листа на најпознатите холивудски ѕвезди. Саша Лас е неверојатна во својот прв филм, толкувајќи ја улогата на Ана Полиатова, иако самиот филм и нема баш смисла… Да не заборавиме и на фактот дека режисерот на филмот, Лук Бесон, е под истрага, па тоа дополнително ја отежна работата на филмот.

Што се однесува до приказната, дејството се врти околу животот на Ана Полиатова. Кога прв пат ќе ја запознаеме, таа ќе доживее целосна трансформација. Ана ќе биде откриена од агент за модели и ќе ја одведе од Москва, каде што таа студира биологија, право во Париз на модните писти. Ана на почетокот ќе се бори да се адаптира на својата нова средина, но брзо ќе влезе во шема. Таа ќе започне и интимна врска што дополнително ќе ѝ го размрда светот.

И иако нештата изгледаат сосема едноставно, многу брзо ќе дознаеме дека Ана воопшто не е тоа што изгледа. Саша Лас без сомнение има фатална жена во себе и тоа брилијантно го пренесува на Ана – која иако изгледа нежно и невино, најверојатно е најсмртоносниот човек што некогаш сте имале шанса да го видите на филмското платно! Па, ако сте расположени за брза акција од ерата на Студената војна – знаете кој филм да го одберете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар