„Ethos“: Серија која нѐ потсетува дека депресијата и стравовите не знаат за пол, класа и религија

„Ethos“: Серија која нѐ потсетува дека депресијата и стравовите не знаат за пол, класа и религија

Турскиот сценарист Беркун Оја не сакаше да одржи час по социологија и психологија со серијата „Етос“, но не е лошо одвреме-навреме да ги потсетуваме луѓето дека вознемиреноста, депресијата, незнаењето, сомнежите, стравовите и несреќите не знаат за пол, класа и религија. Тие постојат во различни форми и насекаде. Понекогаш тие само поминуваат, а понекогаш се возат со автобус без намера да се упатат кон излезната врата, оставајќи тага без датум на истекување.

„Ethos“: Серија која нѐ потсетува дека депресијата и стравовите не знаат за пол, класа и религија

Ако ја прашавте Меријем, нараторот на серијата: „Како си?“, таа ќе ти одговореше: „Добро сум.“, а потоа би продолжила со секојдневните обврски. И кога би сакала, не би можела да објасни како се чувствува. Не би рекле дека таа е несреќна или среќна, туку таа само постои. Живее со нејзиниот брат и неговата сопруга – кратко и јасно. Но, кога таа вели дека сопругата на неговиот брат спие цел ден и дека неколку пати сакала да си го одземе животот, јасно е дека животот што го живее не е среќен.

По некое време, таа почнува да се онесвестува многу често, а тоа се случува на свадби или на други церемонии. По еден куп прегледи и анализи, таа беше испратена кај психолог. Серијата започнува во канцеларијата на психологот Пери. Таа сака да ѝ удри шлаканица во лице на Меријем, бидејќи Пери не ги сака нејзината шамија, незнаењето, ограничувањата во животот, класната припадност, па дури и нејзината невиност. Класната позадина и хиерархискиот статус на Меријем и Пери не се исти, но колку и да се оддалечени едни од други на животните скали, тие се еднакви во нивната нееднаквост.

Приказната истражува разни луѓе кои се во контакт со актерките што ги среќаваме во прологот. За нивните животи, стравовите, сомнежите што ги тераат да се будат ноќе и да не можат да дишат, фрустрациите што ги тераат да креваат рака кон себе. Менталитетот и меѓучовечките односи кои се многу слични на нашите, даваат уште појасна слика за она што го гледаме. „Етос“ е како јинг и јанг, црно-бело, трагедија и комедија.

„Етос“ како маестрално проучување на случајот и личноста е посветен на деталите. Дури и во сцените каде се чини дека ништо не се случува, постои еден детаљ што е наратив сам по себе, иако зборот не е изговорен.

Брилијантното сценарио и актерска екипа што е фантастична од почеток до крај се шлаг на оваа торта. „Етос“ не е хит во Македонија, ниту серија за која сите зборуваат, но навистина вреди.

Можеби ќе сакате да прочитате и за „It’s a sin“: ТВ серија што ја освои публиката ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар