„E.T. си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кој ни го обележа детството
На 18.12. 2019 година Стивен Спилберг го прослави својот 72 роденден, а во негова чест се потсетуваме на еден од неговите најдраги филмови „E.T.“, филм на кој плачевме и кој нè научи на пријателство и толеранција.
1. „E.T.“ настанал поради разводот на родителите на Спилберг
Инспирацијата за филмот „E.T.“ се појавила кај Стивен Спилберг кога тој имал 15 години. Првичната идеја е наречена „Растење“, и го опфаќа чувството на изолираност што режисерот го чувствувал како Евреин во Аризона откако неговите родители се развеле.
Тоа чувство на изолираност подоцна му припаднало на симпатичниот вонземјанин, кога Спилберг ја запознал Мелиса Матисон, која го напишала сценариото за филмот.
2. Дру Баримор ја добила улогата затоа што излажала
Дру Баримор стана ѕвезда благодарение на филмот, а ја добила улогата на Герти благодарение на нејзините измислици.
Шестгодишното девојче, наводно, го излажало Спилберг на аудицијата дека не е актерка, туку тапанар на панк бенд наречен „Purple People Eaters“ кој ги полнел стадионите секоја вечер. Спилберг во лагата ја увидел живописната фантазија на девојчето и веднаш одлучил да ѝ ја додели улогата.
3. Главната улога била доделена заради солзи
На Спилберг му било најтешко да избере актер за најважната детска улога во филмот – онаа на пријателот на E.T., Елиот. По препорака на колегите од фелата, на аудицијата се појавил Хенри Томас, кој веќе имал сериозно актерско искуство.
Но, наместо да го прочита сценариото, на Хенри му било речено дека мора да импровизира сцена со владин агент кој се обидува да го киднапира неговиот вонземски пријател. Оваа срцепарателна сцена ја има и на Јутјуб, а Томас едвај успева да ги задржи солзите.
4. Креаторите на ликот на „E.T.“ биле инспирирани од слики и фотографии
Спилберг ангажирал експерт за визуелни ефекти, Карл Рамбалди, кој работел на „Вонземјанин“ и „Блиски врски од трет вид“, за да создаде симпатичен вонземјанин со кој многу луѓе се соживуваат.
Неговата прва инспирација била сликата „Жените од Делта“ од Академијата за ликовни уметности во Болоња, како и фотографии од луѓе кои живееле за време на Големата депресија. Суштеството требало да има кратки нозе, долг врат и големи очи. Рамбалди го измоделирал E.T. од глина и веднаш го воодушевил режисерот.
5. Дру Баримор мислела дека глуми со вистински вонземјанин
Спилберг сакал E.T. да изгледа колку што е можно пореално, па во неговиот костим се смениле дури тројца актери. Но, направена е и аниматронична кукла со комплициран систем за управување кој им создавал проблеми на луѓето зад камерата.
Како врв на тоа, Спилберг барал од актерите да се однесуваат кон куклата како кон живо суштество, а Дру Баримор ја убедил дека глуми со вистински вонземјанин. Во сцената кога E.T. умира, Дру покажува вистински емоции затоа што навистина верува дека му дошол крајот.
Продолжете да читате на следната страница…