Десетте најдобри филмови на сите времиња според 358 славни режисери
6. Апокалипса денес (Apocalypse Now)
„Апокалипса денес“, ремек-делото на Френсис Форд Копола, веројатно е најмоќниот и најужасниот воен филм некогаш направен. Филмот ги открива надреалните ужаси на војната и е многу повлијателен и поемотивен од кој било друг филм од овој жанр. Ова е една од оние приказни кои ќе го променат вашиот поглед кон светот и историјата.
7. Кум (The Godfather)
Веројатно нема да сретнете личност која не слушнала за најозлогласеното американско семејство, кланот Корлеоне. Креирани од Марио Пузо, овие ликови својата светска слава ја стекнаа благодарение на Френсис Форд Копола, режисерот на „Кум“. Филмот сѐ уште се смета за најдобар пример за криминалната драма како жанр, а многумина го сметаат и за „модерна библија“.
8. Вртоглавица (Vertigo)
Филмот „Вртоглавица“ на Алфред Хичкок долго време се сметал за фундаментален филм за себеспознавање и разбирање на разликите помеѓу илузијата и реалноста. Ова е филм за невозвратената љубов и идеалите за убавина, кој главниот херој сака да ги направи реалност.
9. Седмиот печат (Det sjunde inseglet)
Дејствието е сместено во 14-ти век, кога витезот Антониус Блок заедно со својот штитоносец се враќа во родната Шведска, после 10 години учество во Крстоносните војни. Блок е изморен од сѐ во животот и не гледа причина да продолжи. Но пред да умре, тој сака да биде сигурен дека Бог навистина постои.
10. Крадецот на велосипед (Ladri di biciclette)
Филмот ја открива трагедијата на малиот човек во овој голем свет. Главниот херој останува без својот велосипед, откако ќе му го украдат непознати сторители. Тој не може да работи без него и заедно со својот син тргнуваат во потрага по велосипедот. Зачудувачки е како овој навидум незначаен настан, претставен со едноставни алатки, без сложени уметнички техники, симболи и метафори, може да побуди толку силни емоции.