Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“?

Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“?

Американската ТВ куќа „ABC Family“ најави дека ќе се снима нов дел, петти по ред, од филмот „Сам дома“. Како што пренесуваат холивудските медиуми, филмот насловен како „Сам во мракот“ премиерно ќе биде прикажан за Божиќ, 2012 година.Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“Јунак во новиот дел ќе биде осумгодишниот Фин, а улогата ќе ја толкува Кристијан Мартин. Тој ќе биде убеден дека неговата куќа е опседната со духови. Додека неговите родители се на другиот дел од градот, тој и неговата сестра, која ќе ја толкува Џодел Ферланд, ќе останат сами во нивната куќа. Па така, тој ќе поставува замки кои ќе бидат наменети за „духовите“, а од нив всушност ќе страдаат тројцата крадци, улоги кои ќе ги толкуваат Малком Мекдауел, Деби Мејзар и Еди Стиплс.

Дали сте спремни за уште едно продолжение од „Сам дома“

Кристијан Мартин

Првиот дел „Сам дома“ во кој глуми Меколи Калкин е снимен во 1990 година, а две години покасно беше прикажано и второто продолжение. Двата дела доживеаја огромен успех. За разлика од првите два дела третиот и четвртиот дел не го постигнаа истиот ефект кај публиката, а интересно е да се напомене дека во третиот дел снимен во 1997 година, глуми и тогаш малата Скарлет Јохансон. Четвртиот дел од филмот беше прикажан во 2002 година.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. M Reply

    Супер! 😀

  2. Kardenius Reply

    Да не мислите 2013???

  3. коки Reply

    не

Остави коментар