Дали размислувате за тоа колку социјалното растојание нè промени?
Наградуваната филмска екипа зад серијата „Orange is the new black“ добро размисли за за моменталната ситуација и издаде нова серија деновиве. Создадена е целосно за време на кризата КОВИД-19 и забранува напуштање на куќата и дружење.
Наскоро ќе можете да ја погледнете експериментална серија наречена „Social Distance“ која зборува за основната човечка потреба да се поврзе и покрај сите забрани. И беше прашање на време кога продуцентот и сценаристот повторно ќе се поврзе со нејзиниот тим со кој работеше на многу успешната ТВ-серија „Orange is the new black“ и ќе испорача нешто сосема ново. Резултатот е серија од осум продолженија кои во исто толку приказни ќе ги раскажат искуствата на различни луѓе кои успешносе справија со реалноста за време на кризата КОВИД-19, и покрај огромните емоционални притисоци и потреби. Неодамна беше објавен првиот официјален трејлер, полн со познати личности, но и познати приказни.
Погледнете и кои филмови и серии кои не смеете да ги пропуштите во октомври!