Дали навистина добро ги познаваме нашите пријатели? Филм што ќе ве замисли!
Замислете го следното сценарио: сте организирале дружење со неколку долгогодишни пријатели, со кои сте поминале низ сите добри и лоши времиња и за кои сте убедени дека ги познавате. За да го направите дружењето малку поинтересно, решивте да ги ставите мобилните телефони на маса и да ја прочитате секоја порака на глас, да одговорите на секој повик, да го прочитате секој мејл. Дали мислите дека знаете сè за луѓето со кои се дружите?
Секој од нас има тајна која сака да остане само наша без разлика за блискоста што ја имаме со некој. Ова е совршено илустрирано во италијанската комична драма „Комплетни странци“, во која седум долгогодишни пријатели се впуштија во претходно опишаниот експеримент, што предизвика многу тајни да излезат на површина и засекогаш да ги променат своите односи, уништувајќи некои неповратно. Овој одличен филм беше награден и на Филмскиот фестивал во Каиро за најдобро сценарио, ја доби наградата на публиката на Норвешкиот филмски фестивал и наградата на жирито на филмскиот фестивал Трибека.
Исто така, во 2019 година, овој филм влезе во Гинисовата книга на рекорди како филм со најголем број на „римејкови“ во историјата на кино, дури 18, а освен во филмот, оваа приказна можете да ја погледнете и во форма на театарска претстава.
Погледнете ги овие 4 филмови од кои ќе научите важни животни лекции.